Кејт Мос на вечерно излегување со својата наследничка Лила: Совршен стил и на мајката и на ќерката!

Горда мајка

Некогашниот супермодел и манекенка на прославата на 47-от роденден на модниот дизајнер за „Диор“ Ким Џонс во петокот, ја повела и ќерка ѝ Лила, а на прославата во лондонскиот ресторан „Лејлоу“ им се придружил и партнерот на Кејт, грофот Николај вон Бизмарк

Славната манекенка покажала зошто се смета за модна икона и облекла свиленкав крем фустан со поширок крој. Со фустанот и шалот во иста боја, Кејт искомбинирала металик златни чевли, а вечерниот изглед го надополнила со црна чанта на „Шанел“.

https://www.instagram.com/p/CFFNBHUnQc5/

Црната чанта поради бојата отскокнувала од еднобојниот вечерен стајлинг на славната манекенка, но одговарала на изборот на облека на нејзината 17-годишна ќерка Лила.

Девојката за излегувањето со мајка ѝ и нејзиниот дечко облекла проѕирен миди-фустан од тантела, кој го искомбинирала со црна кожена јакна, чизми и чанта.

https://www.instagram.com/p/CFFAZNzp7OC/

Кејт Мос (46) ја добила Лила во врската со кустосот и креативен директор Џеферсон Хак и таа е нејзиното единствено дете.

Славната манекенка до пред неколку години беше позната по разузданиот начин на живот, а неодамна открила дека сега настојува да живее поздраво. Вежба јога, додека забавите ги заменила со гледање телевизија.

„Сега се грижам за себе и сега сум добра девојка. Си легнувам рано, пијам многу вода, не пијам премногу кафе и планирам да ги оставам цигарите“, рекла таа пред неколку години.

Кон средината на 1990-те, манекенката ги поминуваше деновите движејќи се помеѓу модните писти и баровите, кои ѝ беа речиси како втор дом.

„Сега си легнувам во кревет во 23 часот и пред спиење гледам Нетфликс. Со стресот се справувам вежбајќи јога, која ми помага да се сконцентрирам овде и сега“, изјавила таа неодамна за магазинот „Ел“.

Фановите загрижени се прашувааат што ѝ се случило на Кејт Мос?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.