Јелена Томашевиќ секоја година изгледа поубаво и помладо, а тајната е во ова!

Обична а неодолива

Популарната пејачка Јелена Томашевиќ, како што поминуваат годините, изгледа сè поубаво, секогаш суптилна и умерена во својата шминка и фризура, стилот на облекување ѝ е класичен, минималистички, а сепак го привлекува вниманието каде и да се појави.

Популарниот „но мејк ап – мејк ап“ или нашминкана, но толку суптилно што изгледа сосема природно им е омилен бјути-тренд на припадничките на понежниот пол оваа есен, а Јелена Томашевиќ ваквиот изглед го негува со години.

 

Таа на публиката ѝ откри како се шминка, вели дека тајната е на лицето да нанесете лесна пудра која има слабопрекривна моќ, но ќе го изедначи вашиот тен, минимално руменило на образите совршено искомбинирано со нежна сенка и прецизен ајлајнер.

Не се трудите премногу, не изгледате нападно а сепак вашето лице изгледа убаво и свежо.

Природната убавина сè почесто е императив во светот на убавината, па така оваа тајна на Томашевиќ е драгоцена, особено во овие дождливи денови, кога на сите ни е потребена брза, едноставна а ефективна шминка, која ќе го освежи и разубави нашето лице.

Фото: Инстаграм

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.