Деми Мур: Младешки стајлинг на 59-годишната актерка (ФОТО)

Како што наближува пролетта, тренч-мантилот е совршен додаток кој ќе ја освежи секоја модна комбинација.

Меѓу светските ѕвезди кои присуствуваа на ревијата на Клои за есен/зима 2022 година на Модната недела во Париз, беше и холивудската ѕвезда Деми Мур, беспрекорно облечена.

Во тренч-капут од Chloe во камел-нијанса, со долга и рамна силуета, ни покажа совршен, младешки, пролетен изглед.

Под капутот во црно-бела варијанта, холивудската актерка искомбинира класична ролка со макси-здолниште, кое го краси детаљ во вид на ремен од јаже.

Изгледот го заокружи со црни чизми и бела клач-чанта.

Нејзината препознатлива долга, права коса, со проседи влакна, дозволи природно да ѝ паѓа, како и обично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Yepez (@jennifer_yepez)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.