Дали ова е, сепак, најубавиот фустан на Оскарите? Дакота Џонсон никогаш не изгледала подобро!

Што мислите вие?

Впечатлив, грандиозен, гламурозен, фабулозен, сензационален, величествен…. Сето ова се синоними за фустанот што Дакота Џонсон го носела на доделувањето „оскари“ и што нема да можете да престанете да го гледате

За некого е божествен, други превртуваат очи кога ќе го видат, но едно е сигурно – сите го забележале фустанот на Дакота Џонсон на забавата на „Венити Фер“ по повод доделувањето „оскари“.

Грандиозните пердуви што ја обвиваат нежната Дакота, модните експерти ги опишале како скапа и опасно ретка птица, а фустанот е дело на модната куќа „Гучи“. Пудрестата розова нијанса совршено му прилегала на нејзиниот аристократски тен, додека длабокото деколте дискретно го нагласувал нејзиниот сексапил.

Свесна дека зрачи, Дакота самоуверено им позирала на фотографите, „перчејќи“ се во својот ексцентричен фустан.

Како ви се допаѓа ова издание?

Дали ѕвездите беа поубаво облечени на забавата по „оскарите“ отколку на свечената церемонија? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.