Оваа жена не знае за срам: Се појавила во скандалозно издание – поради овој детаљ, сите гледале само во неа!

Ги надминала границите на добриот вкус

„Голиот“ фустан предизвикал лавина коментари

Навикнати сме на нејзиното скандалозно однесување и провокативни комбинации, но овој пат отишла чекор подалеку.

Бела Торн синоќа се појавила во Лос Анџелес на една филмска премиера во фустан што предизвикал невидени реакции и малку е да се каже дека кренала прашина.

Фустанот, што го дизајнирал Серџо Кастано Пена, ги нагласил облините на поранешната Дизни-ѕвезда, а најшокантниот детаљ е испечатеното голо женско тело на предната страна.

На прв поглед, сите помислиле дека актерката се појавила потполно гола, а потоа сфатиле дека станува збор за оптичка илузија. Во секој случај, оваа модна измама не добила позитивни коментари.

„Зар секогаш акцентот мора да биде на облините. Ова е повеќе од вулгарно“, „Воопшто не е убаво“, „Срамно издание“, можело да се прочита меѓу другото.

Но на изненадувањата им немало крај. На Бела ѝ се придружила сестра ѝ на црвениот килим во уште попровокативен стајлинг. Погледнете:

Се посрамотиле за сите пари: Познатите дами прошетале на црвениот килим и објасниле како НЕ ТРЕБА да се облекувате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.