Амал воодушевила во фустан стар 12 години: Го маѓепсала и принцот Чарлс!

Како грчка божица!

Холивудскиот пар уживал во друштво на принцот, но и на идниот крал му било интересно да се дружи со познати личности

Амал и Џорџ Клуни му се придружиле на принцот Чарлс на свечена вечера во Бакингемската палата.

Меѓу многубројните холивудски ѕвезди со британска адреса, познатата адвокатка за човечки права го привлекла сето внимание кога се појавила во едноставен бел фустан со златни детали на ракавите.

На свечената вечера Амал Клуни заблескала во креација од колекцијата висока мода, која била претставена дури во 2007 година, во рамките на колекцијата на познатиот француски дизајнер Стефанео Роланд за брендот Жан-Луј Шерер.

Судејќи по фотографиите, се чини дека холивудскиот пар уживал во друштво на принцот, но и на идниот крал му било многу интересно да се дружи со познати личности.

Ова не е првпат Џорџ и Амал Клуни да присуствуваат на кралски настан. Амал Клуни е добра пријателка на Меган Маркл и присуствувала на нејзината венчавка со принцот Хари.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.