3 тотално црни комбинации на Ева Лонгорија кои нè воодушевија (ФОТО)

Инспирација на денот

Четириесет и шестгодишната актерка преку три стајлинзи за различни пригоди, кои ги прошета минатата недела, ни докажа дека црната боја е дефинитивно најсигурниот моден избор.

Имено, Ева Лонгорија уште еднаш докажа дека е возможно да изгледате многу „елегантно“ во патики и тренерки. Во тоа ѝ помогна црната боја во комбинација со белите детали, но и соодветниот капут, и свежо стилизираната коса и, секако, неизбежните сребрени алки на ушите – омилениот модел на обетки на Ева, кои ги носи со години, практично во сите пригоди.

profimedia-0660951581.jpgИсто така, со сите три стајлинзи: спортски, вечерен во форма на коктел-фустан со едно голо рамо или за малку погламурозна вечер – длабоки свилени панталони, блуза и сако – ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ го заокружи изгледот со нејзиното омилено парче накит, карики на ушите.

profimedia-0660765471.jpg

profimedia-0661123424.jpg

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.