2 најдобри модели на костими за капење за пополни дами: Визуелно го стеснуваат струкот и прават телото да изгледа позгодно!

Модна инспирација

Ви откриваме 2 најдобри модели на костими за капење за пополни дами, кои прават телото да изгледа послабо

Манекенката Кели Брук беше прогласена за жена со совршени пропорции, и покрај вишокот килограми. Освен неа, Ешли Греам е уште една жена која гордо ги носи вишокот килограми, и која секогаш пука од самодоверба.

Имено, едно истражување открило дека совршеното тело има индекс на телесна маса од 18,85, а обемот на гради-струк-колкови кај идеалната жена е 99-63-91 см, што значи дека манекенката совршено се вклопува во овие пропорции.

И покрај вишокот килограми изразените облини, овие манекенки изгледаат неодоливо, додека на плажа пукаат од самодоверба. Тие внимателно одбираат костими за капење што одговараат на нивниот облик на тело и што прават да изгледаат визуелно послаби.

Монокини

Едноделните костими за капење секогаш се добар избор за жени кои имаат вишок килограми, со оглед на тоа што ги кријат сите недостатоци.

Длабок струк

Долниот дел на костимот за капење понекогаш игра клучна улога, а длабокиот струк е одличен избор за сите оние што имаат вишок килограми во пределот на стомакот и колковите.

Најдобриот едноделен костим за капење за ниски жени: Ги крие недостатоците и ги издолжува нозете
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.