Најдобриот едноделен костим за капење за ниски жени: Ги крие недостатоците и ги издолжува нозете

Совршен е за позирање, но и за пливање!

Едноделниот костим за капење е апсолутен хит летово, а еве како да го носите ако им припаѓате на „џебните Венери“

Жените добро знаат дека она што совршено им прилега на високите дами, ниските не можат ни да си замислат да го облечат. Така е и со костимите за капење. Едноделниот костим за капење понекогаш може да ја „скрати“ фигурата.

Меѓутоа, ова лето едноделните костими се апсолутен хит, па дамите со низок раст можат и мораат да си најдат еден за себе – оној што совршено ќе им стои.

Актерката Ева Лонгорија (47) е висока 1,53 сантиметри и ја доведе својата фигура до совршенство откако го роди синот Сантијаго.

Со длабоки прорези, овој едноделен костим за капење ги издолжува нозете и покажува дел од задникот, а затворениот горен дел визуелно го издолжува торзото.

Ева облекла бел костим за капење од модниот бренд „Мајра Свим“, што чини 186 евра, иако сигурно можете да најдете сличен и по пониски цени.

Костимите за капење од овој моден бренд со задоволство ги носат и Џенифер Лопез, Каја Гербер, Рита Ора, Кајли Џенер и други познати дами.

Ева со задоволство го носи овој костим за капење и веќе била фотографирана во него минатата година.

Жено, колку си згодна! Ева Лонгорија повторно се соблече во костим за капење (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.