Месечен хороскоп за ноември 2020. Застани, прочитај, добро размисли!

Девица

Важни датуми во ноември: 1, 4, 23, 25, 28.

Кариера и пари:

Овој месец е дефинитивно месец на интелектуалните вештини! Доколку вашата работа е поврзана со пишување, преведување, толкување и сл. тогаш ве очекуваат многу поволности. Вашите обврски ќе ги извршувате во најбрз можен рок, а претпоставените ќе го забележат тоа. Што се однесува на парите, очекувајте финансиски прилив во вториот дел од месецот.

Здравје:

Ноември ќе биде доста активен месец за вас, исполнет со многу прошетки и други спортски активности. Ќе ја сфатите сериозно работата околу вашето здравје и ќе се заангажирате да се вратите во форма.

Љубов:

Сексуалната енергија која ќе ја почувствувате ќе ги фасцинира останатите, а вас ќе направи да се чувстувате импулсивно и страствено. Не сте во врска? Ќе имате многу шанси во текот на целиот месец, но доколку не сакате ништо сериозно, тогаш слобоно можете да се пофалите со одлични авантури. Значи, ноември ќе биде месецот на сексуалниот интензитет.

Совет: Организирајте повеќе средби со пријателите.

 

Вага

Важни датуми во ноември: 6, 8, 12, 20, 24.

Кариера и пари:

Овој месец ќе бидете повеќе настроени кон вашиот приватен живот и семејството, отколку на вашите професионални успеси и амбиции. Исто така, ќе бидете во одлична можност да го промовирате својот бизнис на пазарот.

Здравје:

Во последните две недели од ноември ќе се чувствувате како енергијата да ви опаднала, па затоа ќе ви треба повеќе одмор. Одете на часови по пилатес или аеробик.

Љубов:

Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи месецот. Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму овој месец. Но, внимавајте, пазете со кој ќе бидете, бидејќи може да ви се случат несакани последици.

Совет: Во љубовта сѐ е дозволено.

Скорпија

Важни датуми во ноември: 2, 15, 20, 26, 28

Кариера и пари:

Вашите таленти ќе придонесат да бидете унапредени на работа, а сите ќе ви завидуваат за постигнатиот успех. Сега за сега, работата ви оди толку добро што нема потреба од каков било стрес. Од финансиска гледана точка, април ќе ви донесе светла перспектива, особено за заработка од вложување во инвестиции.

Здравје:

Вашето здравје значително ќе се подобри во однос на минатиот месец. Ќе имате повеќе енергија и елан, а нервозата секојдневно ќе се намалува. Заштитете се себеси од стрес, бидејќи стресот може да резултира со инциденти.

Љубов:

Ќе бидете загрижени за врската или за партнерот, а тоа може да ве направи малку љубоморни. Наместо да бидете љубоморни, истражувајте што најмногу сака партнерот и приредете му изненадување. За оние кои не се во врска, можеби ќе имаат неколку шанси кои за жал ќе ги испуштат, но затоа ќе имаат повеќе среќа во наредниот месец.

Совет: Зборувајте го она што другите сакаат да го слушнат.

 

Стрелец

Важни датуми во ноември: 2 , 6, 16, 28, 30

Кариера и пари:

Месецов ќе ви започне скромно што се однесува на кариерата. Ќе сакате повеќе да бидете изолирани, а и мотивацијата за работа ќе ви недостига. Веќе во вториот дел од месецот ќе забележите значителен успех. Во последните денови од ноември ве очекуваат пријатни изненадувања од финансиски аспект.

Здравје:

Препорачливо е повеќе да се одморате. Ќе ви недостига енергијата која ја имавте во претходните месеци. Хранете се здраво и внесувајте повеќе витамини. Избегнувајте ги цигарите и алкохолот. Доколку имате некакви здравствени проблеми, погрижете се за нивното лекување, во спротивно може состојбата да ви се влоши.

Љубов:

Во почетокот на месецот, поради лошиот распоред на планетите во вашиот знак, може да се почувствувате осамено и депресивно. Веќе после првата недела состојбата значително ќе се подобри, а вашиот партнер ќе ве опсипува со внимание. Доколку не сте во врска, жешките авантури не последна опција на листата. Тие мора да ви бидат прв избор!

Совет: Вежбајте почесто.

 

Јарец

Важни датуми во ноември: 4, 7, 8, 18. и 21.

Кариера и пари:

Ова е месец кој ќе ви се допадне од професионална перспектива. Најчесто, месецов ќе бидете зафатени и ќе работите со полна пареа, но на крај парите ќе дојдат до вас, па ќе го имате задоволството да уживате после вложениот напор и труд. Во последната недела од ноември ќе можете најдобро да се организирате и да ги избалансирате обврските.

Здрвје:

Овој месец ќе имате повеќе сила и ќе се чувствувате енергично. Но, сепак, бидете внимателни, бидејќи можни се и сезонски настинки. Состојбата ќе се подобри во вториот дел од месецот.

Љубов:

Ве очекуваат интересни, но сепак не толку романтични моменти овој месец. Врската со партнерот може да ви биде пријатна и удобна. За оние кои не се во врска, ќе имаат можност да одат на многу забави и ќе имаат можност да запознаат некоја нова личност со која ќе започнат љубовна романса.

Совет: Забавувајте се што е можно повеќе!

 

Водолија

Важни датуми во ноември: 10, 11, 14, 15. i 18

Кариера и пари:

Овој месец ќе имате можност да присуствувате на неколку важни социјални настани кои ќе влијаат на подобрувањето на вашата кариера. Но, сепак, не сите ќе бидат среќни за вашите успеси. Некој ќе зборува за вас позади вашиот грб, но потрудете се да ги занемарите тие коментари.

Здравје:

Во првите две недели од ноември ќе бидете во добра форма и ќе се чувствувате енергично, но морате да внимавате на стресот. Во последната недела од мај вашата енергија ќе се намали, па потрудете се да најдете начин да ја вратите изгубената енергија.

Љубов:

На љубовно поле, ситуацијата ќе биде стабилна. Но, можеби ќе поминете низ моменти во кои вие и вашиот партнер ќе имате различни размислувања. Од друга страна, ќе имате и многу моменти во кои ќе ја искажувате вашата страст. Оние кои се сингл, можеби нема да влезат во врска месецов, но затоа ги очекуваат многу љубовни авантури.

Совет: Фокусирајте се на сегашноста.

 

Риби

Важни датуми во ноември 3, 10, 12, 21, 22

Кариера и пари:

Овој месец ќе имате големи амбиции и ќе чувствувате потреба за успех па шансите за добра заработка ќе ви бидат загарантирани. Ќе бидете посебно успешни во тимската работа.

Здравје: Ноември може да ви донесе мали проблеми со здравјето, затоа внимавајте на вашата исхрана и пијте повеќе течности. Не вложувајте премногу напор и избегнувајте ги работите кои ви предизвикуваат стрес.

Љубов: Оние коие се во врска може да почувствуваат дистанцирање од партнерот, но тоа ќе трае само краток период од месецот. Од друга страна, оние кои не се во врска ги очекуваат многу пријатни изненадувања, па кој знае, можеби и неочекувано ќе влезат во врска.

Совет: Бидете внимателни додека патувате.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.