Пристигна јулската „Убавина и здравје“: Немојте во длабокото!

Еве што ќе читате во новиот број!

Јули е месецот на мечти за егзотични плажи, за вода и разладување, за уживање…

Освен кога пливате. Немаме против уживањето во вода, секако онаму каде што е безбедно. Тука мислиме на оние задлабочувања во мислите што произлегуваат од стравови или анализи на нешта што не зависат од нас. Наместо тоа, да мечтаеме.

Јули е месецот на мечти за егзотични плажи, за вода и разладување, за уживање…

Дополнете ги самите овие три точки за некои други убави мечти. И обидете се да реализирате нешто од она за што мечтаете. Постојат многу причини и активности поради кои екот на летото треба да биде време во кое се полнат батериите, за да може да се премостат сите оние тешкотии со кои општеството или животот знаат да нѐ предизвикаат низ годината.

Ние, како и секогаш, и овој месец ќе ви се најдеме во оние мигови резервирани само за себе и за релаксација, а верувам дека ќе ви се допаднат новите совети.

Во сегментот за убавина ви помагаме како да го постигнете изгледот што е императив во летната сезона – шминка што не ги брише природниот сјај и текстура на кожата (стр. 28).

А од темите што се однесуваат на она што е под површината, ги одбравме емоциите.

Ги сакаме поради сета убавина што може да ни ја донесат додека ги проживуваме. Но што кога емоциите нѐ оптоваруваат? Или кога околината нѐ карактеризира поради нивното манифестирање (стр. 66)? И, како што рековме, да не претеруваме со длабоките теми!

Плус, ако месецов не одите некаде на летување, сетете се дека има убавина во нашата градска летна жега, вкусни освежувања и гласни летни ноќи.

Испловете од мислите што ве оптоваруваат, месецов да пловиме мирно по површината.

Ве сакаме,

Ваша Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Во продолжение, ви претставуваме што ќе читате во новиот број на највлијателниот магазин за жени.

УБАВИНА&ЗДРАВЈЕ

ЈУЛИ 2022

У&З тренд

13 Бидете активни без да вежбате

14 Кето-кафе со путер

16 Мокри бранови во косата

18 Што е SKKN BY KIM?

20 Летен гламур

22 Сината во фокусот

24 Вежбајте на море!

Убавина и стил

27 Скинимализам

32 Спрејот за лице одблиску

34 Осум фризури на сезоната

38 Разговор за убавината со Маја Јанеска

40 Боите на летото

48 Урбан изглед на Бојана Нушкова

49 Лен и рафија

50 Сензуални нишки

Бидете вити и здрави

57 Како да користите паметен часовник?

60 Постигнете баланс помеѓу телото и умот

66 Сите тие чувства

74 Апликација за секс – како работи?

76 Револуција на билните напивки

 У&З животен стил

77 Нови градежни материјали

78 Моето лето: Впечатоци од незаборавни патувања

88 Освежување на лажица

92 Како се храни Елена Бубало

93 „Кафе-барови и ресторани“: Слика на модерната гастросцена

98 Јелена Спенџарска одговара на прашањето што ве прави среќни

Колумни

26 Марија Лукаревска: Свадбена треска

 НА НАСЛОВНАТА:

ФОТО: BELLES

СЛЕДНИОТ БРОЈ ИЗЛЕГУВА ВО АВГУСТ!

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.