ТЕСТ: Облеката во која спиете открива карактеристики за вашата личност
Вашите навики откриваат многу за вашиот карактер и личноста која се крие зад вашиот лик.
Овој тест открива каква личност сте според вашите навики за спиење. Стара маица, удобни пижами, секси ноќница или голи – како сакате да спиете најчесто и што открива тоа за вас?
Без многу размислување одговорете на прашањето…
Во што најчесто спиете?
1. Удобни пижами.
2. Во секси-ноќница.
3. Во стара маица.
4. Во долга ноќница.
5. Во удобна долна облека.
6. Голи.
Резултати:
1. Во удобни пижами
Вие сте топла и пријатна личност. Практични сте и не сакате да трошите време на работи кои не се толку вредни. Сакате да го живеете животот на ваш начин, без некој да ви наметнува правила. Честопати вие сте тие што се грижите за другите и доста сте директни, но и посветени докрај.
2. Во секси комплет/ноќница
Вие сте романтична личност, во постојана потрага по возбуда и авантура. Самоуверени сте, но често размислувате за тоа каков впечаток оставате. Секогаш сакате да бидете средени, па затоа и одите дотерани во кревет. Да влезете во вреќести пижами или нешто старо за спиење за вас е незамисливо. Што би рекол некој ако ве види такви, а всушност имате толку многу да понудите…?

Фото: Getty Images