Мисли само на вас: Заљубен маж праќа вакви пораки!

Ако дечкото ви праќа вакви пораки, тој дефинитивно е заљубен во вас...

Љубовта е една од оние работи што не можете да ја разберете додека конечно не ја доживеете. Можеби мислите дека знаете што е вистинска љубов или дека вашата сегашна врска е вистинската, а потоа неколку години подоцна ќе сфатите дека сепак тоа било само страст.

Бидете сигурни – кога љубовта е вистинска, тоа е многу повеќе од страста. Знаците дека се грижи и дека е тотално заљубен во вас се таму, само треба да ги дешифрирате. Ако ги држите очите широко отворени, особено кога се во прашање пораките, може да наидете на одредени индиции кои врескаат „љубов“.

1. „Многу сум горд на тебе“

Гордоста е производ на љубовта. Ако нешто во животот не прави горди, големи се шансите да е присутно чувството на љубов. Размислете за тоа. Гордоста обично значи чувство на задоволство со своите (или нечии) достигнувања.

2. „Имам план за совршен викенд со тебе“

Ако смислува совршен план да се видите и ви кажува денови однапред, тој маж сигурно не размислува на стратегијата да ве одведе во кревет што е можно поскоро (или одеднаш да исчезне без трага). Во случај вашиот дечко да има амбициозни планови, бидете сигурни дека има амбиции да остане со вас долго време, во сериозна врска.

3. Ненадејни пораки „Ми недостигаш / те сакам“.

Една ненадејна порака „ми недостигаш“ во текот на денот е одличен знак дека е заљубен во вас, бидете сигурни во тоа. Ваквите пораки откриваат дека мажот размислува за вас во текот на денот, без разлика каде се наоѓа.

4. “Дали јадеше?”

Ако вашето момче постојано ви испраќа ваква порака, тоа може да биде знак на љубов. Мажот, како посилна половина, секогаш треба да ја заштити својата поубава половина. Токму затоа оваа порака е начин да покаже дека сака да обезбеди се за вас.

5. „Го гледам овој филм / ја читам оваа книга / ја слушам оваа песна – и ме потсетува на тебе“

Откако ќе се заљубите, сите работи што ви се случуваат или ги правите во текот на денот ќе ве потсетуваат на саканата личност. Ако мажот ви праќа пораки во текот на денот за да ве извести за разни работи кои го потсетуваат на вас, тоа значи дека е заљубен во вас.

6. „Посакувам да си тука во моментов“

Ако добиете ваква порака од вашиот дечко, кој сака да поминува време со вас (сега), веројатно е заљубен во вас. Вистинската љубов подразбира постојана љубов. Ако партнерот ви пишува вака додека е зафатен со други работи, тогаш навистина сака да бидете со него, сега. Тогаш несомнено се работи за љубов.

7. „Мајка ми сака да те запознае“

Кога ќе се вклучат мајките, тогаш знајте дека љубовта е дефинитивно таму. Мажите никогаш не ја замараат мајка си со неважни работи. Значи, ако тој смета дека е време да ги запознае двете најважни жени во неговиот живот, тогаш тој маж гледа иднина во вашата врска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.