Колега го плукнал во лице, па целосно се запустил: Сега актерот изгледа неверојатно покрај младата бринета!

Која е новата девојка на Крис Пајн?

Крис Пајн повторно изгледа неверојатно, а се чини дека друштвото на мистериозната млада убавица и тоа како му годи

Американскиот актер Крис Пајн, односно познатиот капетан Кирк од „Ѕвездени патеки“, повторно заблескал во полн сјај. Имено, бил уловен како ужива во друштвото на мистериозна бринета во клубот The Bird Streets во Западен Холивуд. Оваа дама изгледа многу помладо од познатиот заводник, иако не ја симнувала насмевката од лицето покрај него. Цело време се обидувала да го сокрие лицето од папараците, но тоа не ѝ успеало, па сега целиот свет зборува за новата врска.

Дури и кога не е пред камерите, холивудската ѕвезда Крис Пајн привлекува огромно внимание. Неодамна сите ги шокирал со изгледот додека го пиел своето омилено кафе. Изгледал толку запустено што бил речиси непрепознатлив.

Под качкетот се гледала неговата бушава седа коса, брадата му била неуредна, а стајлингот воопшто не личел на оние стајлинзи во кои сме навикнати да го гледаме згодниот заводник. Очигледно е дека не се надевал дека ќе биде уловен од будното око на папараците.

Скандал од невидени размери

Во септември 2022 година, на премиерата на филмот Don’t Worry Darling на 79. Филмски фестивал во Венеција, се случил невиден инцидент, со Хари Стајлс во главната улога. Имено, пејачот и актер го плукнал Крис Пајн пред целиот свет.

На видеото се гледа како Хари Стајлс им приоѓа на режисерката на филмот, и воедно негова девојка, Оливија Вајлд и на еден од главните актери во Don’t Worry Darling, Крис Пајн, кога одеднаш му плука на актерот во скут. Пајн, за да ја опушти напнатата ситуација, погледнува надолу кон местото на злосторот и почнува да се смее.

Крис Пајн денес не е веќе само поранешен заводник кој парадира на црвениот килим и ги освојува женските срца. Тој стана човек со созреан став кон животот, пронаоѓајќи љубов и мир далеку од рефлекторите на Холивуд, со што уште еднаш докажа дека вистинските вредности не се мерат само според надворешниот сјај, туку и според длабоките, внатрешни искуства.

Има освоено бројни познати дами

Од 2018 година Крис бил во врска со 36-годишната британска актерка Анабела Волис. Иако се чинело дека имаат хармоничен однос полн со љубов, раскинале по 4 години.

Пред тоа, бил познат по своите бројни врски со познати убавици, како што се актерките Софија Бутело и Зои Кравиц, фотографката Ирис Бјорк, костимографката Аманда Френсис Хорн, како и со манекенките Јасмин Валц и Доминик Пик.

НЕЗАПАМЕТЕНА ДРАМА Хари Стајлс ГО ПЛУКНА КОЛЕГАТА пред сите: Мрежите ИЗГОРЕА поради снимкава, а еве која е причината за инцидентот што ја потресе светската сцена
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.