Што откриваат соништата за вашата ментална состојба?

Според психолозите, соништата ни помагаат да ги процесираме нашите емоции и откриваат многу за нашата ментална состојба...

Сите сонуваат. Соништата се биолошка потреба, а луѓето кои мислат дека не сонуваат, всушност едноставно не се сеќаваат на своите соништа кога ќе се разбудат. Експертите истакнуваат дека сонуваме околу два часа во текот на ноќта, што е вкупно околу 1/12 од нашиот живот.

Соништата можат да го изнесат на виделина она за што избегнуваме да размислуваме или нашите грижи. Затоа психолозите веруваат дека соништата можат да откријат многу за нашето ментално здравје.

Што значат честите кошмари?

Ако постојано имате одреден кошмар, вашата потсвест можеби се обидува да ви каже нешто важно. Кошмарите се всушност вашиот мозок кој работи преку емоциите.

Една студија покажа дека 3-те најчести теми за кошмари се:

  • смрт
  • физичко насилство
  • некој ве брка или ви се заканува.

Некои можни причини кои можат да доведат до кошмари во сон се:

  • сте гледале или прочитале нешто страшно
  • недостаток на спиење
  • тежок оброк пред спиење
  • несакани ефекти на лекови
  • сте имале треска или сте болна
  • нарушувања на спиењето, како што се апнеја при спиење или нарколепсија

Каков вид на соништа може да укажат дека треба да обрнете внимание на нешто?

Соништата често се поврзуваат со идентитетот, бидејќи разбираме кои сме и што ни треба, како и верувањата и перспективите што ги имаме во животот. Ако се чувствувате потценети или сметате дека не сте личноста што сакате да бидете во животот, вашите соништа често ќе го одразуваат тоа.

На пример, луѓето кои се многу успешни и вистински перфекционисти често сонуваат дека не се подготвени за испити. Да се ​​гледате голи пред луѓе е, според експертите, еден од најчестите соништа, а најчесто се случува кога се чувствуваме изложени и ранливи во некоја ситуација, како што е нова работа или врска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.