Животот ги разделил во детството: Немале поим какво сценарио ќе им приреди судбината 20 години подоцна!

Љубов посилна од сè

Им било судено да бидат заедно

Лора Шил и Мет Гродски имаат приказна како од бајка. Уште на предучилишна возраст, Мет им кажал на своите пријатели дека тие двајца ќе се венчаат. Дваесет години подоцна, навистина се венчале.

Мет и Лора се запознале во Феникс кога биле деца. Како што Мет напишал на Инстаграм „еден од моите први спомени е дека имав 3 години, станав и пред целото одделение кажав дека еден ден ќе се венчам со неа“.

https://www.instagram.com/p/B5rMf7zFQ2Z/?utm_source=ig_embed

Тој сè уште се сеќава кога биле заедно, играјќи криенка и кога останувале будни до доцна. Лора го учела како да се лула на лулашка и да црта.

„Сите деца го сакаа филмот ‘Кралот лав’ во тоа време и поминувавме многу време цитирајќи реченици од тој филм. Се сеќавам дека сакав да ја импресионирам на празникот за 5 мај, кога се обидувавме да отвориме пињата. За среќа, јас бев тој што ја отвори и со тоа ѝ го привлеков вниманието.“

А потоа, животот ги разделил

Тие се разделиле кога почнале да одат во различни училишта. Лора се преселиле на другиот крај од градот и изгубиле секаков контакт.

Години подоцна, во средно училиште, другар на Лора ѝ го спомнал Мет. Излегло дека одат заедно на тренинзи. Кога му раскажала дека и таа го познава Мет, истиот пријател сакал да им помогне да се видат, но таа била скептична.

https://www.instagram.com/p/BVijvkEBgJj/?utm_source=ig_embed

„Бев многу неодлучна. Но ми испрати порака и се видовме“, рекла Лора.

Тоа било доволно за да продолжат таму каде што застанале. Во рок од две недели, Лора и Мет официјално започнале врска.

Си го одржал ветувањето

Во мај 2015 година, Мет го исполнил своето ветување од детството и ја запросил во истата предучилишна установа каде што почнало сè. Ја изненадил преправајќи се дека само одат на славенички пикник за да го обележат крајот на првата година факултет.

https://www.instagram.com/p/B3kUHyEFIC8/?utm_source=ig_embed

„Додека се возевме со автомобил постојано ме прашуваше зошто изгледам нервозно. Го проверував џебот, додека таа не ме гледаше, за да бидам сигурен дека тука ми е прстенот“, рекол Мет.

„Клекнав на колено и брат ми беше тука да нè фотографира. Лора беше во шок. Ѝ раскажав зошто треба да се омажи за мене и кажа да!“

Останатото е историја…

Пластичен хирург ја „направи” совршената жена, а потоа ја запроси: „Тоа беше љубов на прв поглед”
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.