Пластичен хирург ја „направи” совршената жена, а потоа ја запроси: „Тоа беше љубов на прв поглед”

Тој ѝ предложи многубројни пластични операции, а потоа ја запроси на првиот состанок.

Пластичниот хирург ја направи за себе совршената жена, а потоа ја запроси – сè за време на нивното прво запознавање. Вероника отиде во посета на нејзиниот сегашен сопруг Дејвид Матлок за да направи вагинопластика по раѓањето на ќерка. Тогаш Дејвид посочи дека таа треба да го направи т.н. „Wonder Woman Makeover“, т.е. серија пластични операции.

https://www.instagram.com/p/Bey5b41gTTw/?utm_source=ig_embed

Оттогаш тој ѝ направи бразилско подигање на задникот, вагинопластика и лабиопластика, липосукција на брадата, рацете и нозете и ботокс. Пред да го запознае Дејвид, таа имала три операции на градите. „Таа прифати сѐ што ѝ предложив, дури и брак“, вели Дејвид, кој на првиот состанок ја запроси Вероника.

По многу операции, Вероника вели дека е „реклама во движење за работата на нејзиниот сопруг“. Дејвид исто така имал бројни пластични операции, како што е вбризгување импланти во неговите бицепси, трицепс, листови и стомачни, за да го добие посакуваниот изглед. „Само сакав да го доведам телото на изглед што не можам да го постигнам со вежбање и диета“, објаснува Дејвид.

https://www.instagram.com/p/Beg0TwbAeHk/?utm_source=ig_embed

Иако Дејвид ја охрабри Вероника да претрпи бројни операции, таа тврди дека ја сакал уште пред сите операции. „Знам дека Дејвид ме сака затоа што кога влегов во неговата канцеларија тежев околу десет килограми повеќе, а тој рече дека тоа било љубов на прв поглед”, вели Вероника.

Прочитајте и: Се венчавала дури осум пати, но само ТОЈ бил љубовта на нејзиниот живот: Сите љубовни бродоломи на најголемата заводничка во Холивуд!

 

ФОТО: Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.