Том Хенкс: „Ова се моите правила за среќен брак долг 31 година!“

Прекрасни совети!

Актерот Том Хенкс е во среќен брак со Рита Вилсон

Американскиот актер Том Хенкс е во среќен брак со актерката Рита Вилсон веќе 31 година. Ова се нивните правила за среќна и долговечна брачна заедница…

1. Не стапувајте во брак пред триесеттата година!

Том и Рита се запознале за време на снимањето на филмот „Волонтеризам“ во далечната 1985 година, каде што играле заљубен пар. Том бил во брак, во кој имал две деца, а Рита била свршена. Меѓутоа, пламнала љубов на прв поглед. Три години се гледале тајно, а потоа Хенкс се развел и веднаш ја запросил Рита.

Денес, Хенк признава дека првиот брак го склопил импулсивно, дека бил млад и дека не размислувал. За да стапите во брак, треба добро да размислите за тоа и свесно да одлучите дали сакате брачна заедница.

„Не се венчавајте пред да наполните 30 години“, открива актерот.

https://www.instagram.com/p/Bw437gRnYxM/?utm_source=ig_embed

2. Жртвувајте се за партнерот, дури и во најкритичните ситуации

Хенкс а католик, а Вилсон е припадничка на грчката православна црква. Бидејќи Том знаел колку на Рита и’ значат црквата и религијата, одлучил да ја промени својата вероисповед.

„Се жртвува за мојата сопруга. Рита има грчки корени и е припадничка на православната вероисповед, додека јас сум католик. Затоа што го почитувам нејзиното семејство, одлучив да преминам во православната вера“, признал Том.

https://www.instagram.com/p/BwfH_t5nqWs/?utm_source=ig_embed

3. Поддржувајте се меѓусебно

За време на годините што ги минувале заедно, парот преживеал многу, но секогаш се поддржувале меѓусебно. Во 1994 година кога Том го добил својот прв Оскар, јавно и’ се заблагодарил на жена му.

„Овде сум благодарение на жената која секој ден ми покажува што значи љубов!“

Во текот на 2015 година, Рита открила дека има рак на дојка. Признала дека тогаш се плашела од тоа како нејзиниот сопруг ќе ја доживее нејзината болест и како тоа ќе се одрази на нивниот брак. Меѓутоа, нејзините стравови биле неоправдани, бидејќи Том се обидел да ја опкружи својата сопруга со уште повеќе љубов и поддршка.

„Се’ што можам да направам е длабоко да и’ се поклонам на мојата сопруга, за нејзината огромна храброст“, изјавил тогаш Том.

За среќа, Рита успешно ја совладала болеста и поминала без хемотерапија!

https://www.instagram.com/p/BveqEXEHgPv/?utm_source=ig_embed

4. Правете мали, убави работи за вашиот партнер

Том и Рита многу патуваат. Биле на речиси секое места на планетата. Рита секогаш е со Том за време на неговите работни ангажмани. И по толку години брак, тие се’ уште прават, мали убави работи еден за друг.

„Мојата сопруга е моја љубовница. Поврзани сме на начин што ги надминува зборовите жена, девојка или мајка. Не можам да си го замислам животот без неа. Често и’ оставам пораки на телефон или некаде во кујната. И’ посакувам убав ден или нешто слично. Ги куцам пораките на машини за пишување што со години ги собирам – досега имам околу 100. Исто така, имам навика да и’ пратам фотографии на Рита во текот на денот. Сликам се’ околу себе кога таа не е покрај мене и и’ ги праќам сликите: што сум јадел, кого сум запознал, што ми фатило око. Мислам дека и’ се допаѓа тоа“, признава Том.

https://www.instagram.com/p/BiNVh-UBZdE/?utm_source=ig_embed

5. Сакајте го вашиот партнер без оглед на се’!

Хенкс и Вилсон негуваат некои заеднички навики. Тоа ја јакне нивната љубов.

„Оваа жена ме сака кога сум дебел и кога сум слаб. Ме сака кога сум ќелав и ме сака кога имам коса. Оваа жена ме сака, го знам тоа. Затоа сум среќен човек!“

https://www.instagram.com/p/BnXg6L5DOLY/?utm_source=ig_embed

6. Најважното нешто е да ја најдете вистинската личност

Новинарите често го прашуваат Том која е тајната на неговиот среќен брак. Тој се насмевнува на тоа и одговара со:

„Тајната е во тоа што сум оженет со вистинската жена. Имав среќа да се оженам со прекрасната Рита Вилсон. Јас сум најсреќниот човек на светот!“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.