Тие се доказ дека никогаш не е доцна за вистинска љубов: Најубавата жена на светот до уши е вљубена во овој човек!

Љубовната приказна на Моника и Тим

Тие се доказ дека никогаш не е доцна за вистинска љубов и дека не треба да се губи надеж

Режисерот Тим Бартон (65) и актерката Моника Белучи (59) ја започнаа својата романса во февруари 2023 година. Првпат кога се појавија како двојка на црвениот килим, им го привлекоа вниманието на обожавателите, а многумина коментираа дека изгледаат многу вљубено. Нивната приказна е доказ дека никогаш не е доцна да се пронајде вистинска љубов.

Првпат се сретнале пред точно 16 години на Филмскиот фестивал во Кан во 2006 година. Нареден пат се сретнале на филмскиот фестивал Лумиер во Лион 2022 година кога Белучи, како почесна гостинка на фестивалот, излегла на сцена за да му ја врачи престижната награда за животно дело на Бартон.

Озборувањата за нивната врска започнаа да кружат во февруари оваа година. Тие беа фотографирани како се шетаат рака под рака и како се бакнуваат на Денот на вљубените. Се зборуваше дека тајно се гледале четири месеца пред да се појават заедно во јавност.

Во јуни по повеќемесечните шпекулации, Моника отворено изјави дека е во среќна врска со режисерот.

„Тоа што можам да го кажам… Драго ми е што го запознав овој човек, пред сè“, рекла актерката.

„Тоа е една од оние средби што ретко се среќаваат во животот… Го знам како човек, го сакам, а сега ќе го запознам и режисерот, започнува уште една авантура.“

За време на заедничкиот престој во Лондон, тие соработувале на „Битлџус 2“, кога Бартон го режирал долго очекуваното продолжение на неговата хорор-комедија од 1988.

„Го сакам Тим. И многу го почитувам Тим Бартон“, продолжила Моника.

Пред неговата моментална врска, Бартон бил во долгогодишна врска со актерката Хелена Бонам-Картер. Тие биле 13 години заедно пред да се разведат во 2014. Заедно имаат два сина, Били Рејмонд и Нел.

Во меѓувреме, Моника двапати била во брак. Нејзиниот прв брак бил со италијанскиот фотограф Клаудиј Карлос Бас кога имала 20 години, но се развеле по шест месеца. Подоцна се омажила за францускиот актер Венсан Касел во 1999 година, а се развеле во 2013. Заедно имаат две ќерки, Дева и Леона.

Како се вљубиле Моника Белучи и Тим Бартон? Тој ја оставил сопругата, а таа во „ѕверот“ нашла гениј!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.