Посна солена торта за Свети Никола: Декоративна, вкусна и брзо се приготвува!

Кралица на славската трпеза

Посната солена торта е совршеното славско предјадење со коешто ќе ги воодушевите сите гости

Состојки:
  • 2 кори од големи обланди (пресечени на 4 дела)

За првата кора:

  • 1 дл кисела вода
  • 1 дл пиво
  • 4 лажици ајвар
  • 9 лажици брашно (120 г)
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче прашок за печиво

За втората кора:

  • 1 дл кисела вода
  • 1 дл пиво
  • 100 г спанаќ
  • 9 лажици брашно (120 г)
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче прашок за печиво

За филот:

  • 100 г посен маргарин
  • 200 г шампињони
  • 150 г кисели краставички
  • 1-2 лажици сенф
  • 100 г кашкавал
  • 1/2 лажиче куркума
  • 1/2 лажиче зачини
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1/2 лажиче оригано

За премачкување:

  • 20 г дробени крекери
  • 2-3 лажици мајонез
Приготвување:

Најпрво, пригответе ги двете кори. За првата кора, измешајте ги состојките и поделете ја смесата на два дела. Испечете две кори на обланда, по 10 минути на 200 степени. Истата постапка повторете ја и со втората кора.

За филот, пропржете сечкани шампињони со 50 г посен маргарин, потоа додајте уште 50 г посен маргарин и зачини, оставете да се олади, па измешајте заедно со сечканите краставички, додајте мајонез, сенф, кашкавал и куркума. Сето тоа измешајте го, па филувајте ги корите.

Прво оди зелена кора па фил, црвена кора па фил, па 50 г солени посни крекери. Потоа, повторно фил, па зелена кора, па фил и на крај, црвена кора.

Премачкајте ја тортата со дробени крекери и мајонез и посипете ја со здробени крекери.

СНЕЖНА КРАЛИЦА: Солена торта со нереален вкус!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.