Таа е 11 години постара од него и му родила 2 деца: Сопругата на Златан Ибрахимовиќ ја гази шестата деценија и изгледа брутално!

Погледнете

Начинот на кој се запознале е урнебесен

Сопругата на славниот фудбалер живее далеку од очите на медиумите и ретко се појавува во јавност. Станува збор за поранешна манекенка која е дури 11 години постара од Златан. Хелена Сагер има 51 година и сега се занимава со бизнис.

Интересно е тоа што Хелена се грижи за бројните спонзорски договори на Златан Ибрахимовиќ, а се запознале, верувале или не, паркинг.

„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32. Имав богатство и кариера, не ми требаше фудбалер за да се грижи за мене. Бев самостојна. Тој дури и не беше мој тип.“

„Кога првпат го видов, тој со своето Ферари го имаше блокирано мојот Мерцедес на паркинг во Малме. Всушност, видов само голем нос и златен часовник на раката. Бидејќи бев лошо расположена, му се изнавикав. Прилично грубо му кажав да го помести автомобилот. Мислам дека тоа не му се допадна“, изјавила Хелена, додавајќи дека тоа сигурно не било љубов на прв поглед.

„Мислам дека на Златан му се допаѓа тоа што можам да му се спротивставам. Имам важно потекло и ја изградив кариерата со многу жртви. Бракот можеше да ми го наруши чувството на независност“, рекла Хелена и додала:

„Не сакам да ме етикетираат како сопруга на фудбалер. Мислам дека луѓето не се свесни колку напорно учев, работев и се борев во животот.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @helenasegerfp


Пред неколку години се шушкаше дека Ибрахимовиќ наводно запловил во врска со прекрасната италијанска новинарка Дилета Леота, и дека наводно ја изневерил Хелена. Меѓутоа, тоа никогаш не беше потврдено, а ни Златан ни Хелена не ги коментираа овие наводи.

Зборуваат дека е во врска со разни девојки, а тој тврди дека е вљубен во 50-годишна жена: „Мене не ме интересираат другите!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.