Зборуваат дека е во врска со разни девојки, а тој тврди дека е вљубен во 50-годишна жена: „Мене не ме интересираат другите!“

Љубовниот живот на Златан Ибрахимовиќ

Она што е Мирка за Федерер, тоа е Хелена за Златан

Еден од најдобрите фудбалери на светот, 39-годишниот Златан Ибрахимовиќ, во текот на целата кариера се труди во прв план да го става фудбалот и сите свои достигнувања, но тие понекогаш остануваат во сенка на скандалите, кои најчесто се поврзани со убави жени.

Па така, неодамна го поврзувале со славната спортска новинарка од Италија, Дилета Леота, со која соработувал на снимање реклами, а тамошните медиуми тврделе дека се појавила на прагот пред неговата врата од домот. Тие не се изјасниле за тоа, исто како и 11 години постарата партнерка на Златан, убавата Швеѓанка Хелена Сегер.

Златан го држи својот приватен живот подалеку од љубопитните очи на јавноста, па така и ретко открива детали од бракот со поранешната шведска манекенка, со која има и синови Максимилијан и Винсент. Тоа е една од дополнителните причини поради која Хелена ѝ е интересна на јавноста и привлекува големо внимание каде и да се појави.

Во едно од ретките интервјуа што ги дала признала дека, на големо изненадување на сите, не троши премногу време на сопствениот изглед, смета дека има преголеми усни, прекратки нозе и дека подобро се чувствува во фармерки одошто во дизајнерски фустани.

Хелена нема вработени домашни помошнички, ужива во брзи возења со мотор, а многу ретко дава интервјуа, па тие може да се избројат на прсти.

„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32. Веќе имав изградено успешна кариера, мои пари и не ми требаше фудбалер да ме задржува. Бев независна, а тој дури не беше ни мој тип на маж. На нашето прво рандеву, со неговото Ферари го блокираше мојот Мерцедес, а јас само го видов неговиот голем нос и златен часовник на раката. Бев нерасположена, му викав и мислам дека тоа не му се допадна“, изјавила Хелен во едно од ретките интервјуа.

Колку Златан ја обожава својата сакана, на која ѝ го подарил срцето за цел живот, доволно говори и неговата легендарна изјава, односно неговиот одговор на едно новинарско прашање за тоа какви жени сака.

„На какви жени мислите? Јас сакам само една жена“, изјавил Златан, притоа мислејќи на својата Хелена.

Многумина го опишуваат нивниот однос како нетипичен однос помеѓу фудбалер и манекенка, а таа по кариерата во светот на модата му се посветила на претприемништвото и задолжена е за повеќето ангажмани на Златан, а заслужна е и за милионските договори што ги има потпишано со спонзори.

„Само таа ме разбира и можеме да разговараме за сè. Не сакам премногу да ѝ ласкам, но паметна е, многу е паметна и не знам зошто си има работа со ваков манијак каков што сум јас“, признал Златан во една пригода.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.