„Се вратив дома порано и го начекав сопругот со мајка ми во кревет“: Се шокирала, а потоа се случило нешто уште полошо!

Неверојатна исповед

Исповед на една жена чиј сопруг ја изневерил со мајка ѝ

Ретко кој може рамнодушно да премине преку неверство, а една млада жена се шокирала кога дознала со кого нејзиниот сопруг имал односи.

„Имам 23 години, а мојот сопруг има 28 и веќе седум години сме во брак, а имаме и три деца. Првпат забременив на само 16 години и уште тогаш и двајцата бевме подготвени да започнеме живот во заедница“, вака започнува исповедта на оваа девојка.

Таа открила дека со текот на времето сè повеќе се чинело дека нејзиниот партнер, сепак, не е подготвен за ваква обврска, бидејќи постојано излегувал и се пијанел со друштвото, додека воопшто не се трудел да го промени својот животен стил.

„За разлика од него, мојот живот стана сосема поинаков – на 17 години го чував првото бебе, пред да наполнам 20, веќе имав две деца, а сега имам и трето дете, кое има само една и пол година“, открила таа.

Што се однесува до нивниот сексуален живот, девојката признала дека желбата ѝ се намалила по раѓањето на второто дете, а тоа почнало да му пречи на нејзиниот сопруг.

„Постојано се жали дека секогаш ги ставам потребите на нашите деца пред неговите потреби, што јас мислам дека е сосема нормално. Друг проблем е тоа што на почетокот од карантинот, тој ја изгуби работата и моравме да се отселиме од нашиот изнајмен стан и да се вселиме кај мајка ми“, искрено кажала.

Таа навела дека нејзината мајка е разведена 39-годишна жена, која секогаш ѝ помагала околу децата, па и самата понудила сите да се преселат кај неа дома. По преселбата сè тргнало на подобро и оваа девојка открила дека дури и нејзиниот сопруг станал посреќен и почнал помалку да се жали поради недостигот од сексуални односи. Меѓутоа, таа набрзо сфатила зошто.

„Едно попладне требаше да се најдам со пријателка во парк, но на патот до таму, на моето најмало дете му стана лошо и морав да се вратам дома. Кога отворив врата, слушнав воздишки од спалната соба. Влегов и ги начекав сопругот и мајка ми во кревет. Станав хистерична и веднаш му кажав на маж ми да ја напушти куќата“, рекла жената.

Нејзиниот сопруг се преселил кај пријател, а таа за сега сè уште е кај својата мајка, која оттогаш непрекинато плачела и ја молела за прошка.

„Очајна сум, бидејќи сфатив дека ова се случувало којзнае колку долго. Повеќе од нивното неверство ме здоболи фактот што секој ден морам да ја гледам мајка ми. А најстрашно од сè е што немам каде да живеам освен кај неа, а не гледам начин како би можела да ѝ го простам на мајка ми тоа што ми го направи. Не знам што да правам“, вака девојката ја завршила својата исповед.

Што мислите вие за оваа ситуација? Како би постапиле?

„Жена ми ме изневери со мајсторот додека ја чекав во автомобилот“: Исповед на очаен сопруг
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.