Постојат неколку причини зошто е добро жените први да им пристапат на потенцијалните партнери

Бидете храбри

Според истражувањето спроведено од веб-страницата за запознавање „OkCupid”, време е жените да ги преземат работите во свои раце и да бидат првите што ја преземаат иницијативата.

Жените не треба да губат време да чекаат маж кој ги исполнува нивните критериуми

Според стандардите на страниците за запознавање, мажите испраќаат многу повеќе пораки од жените и тоа е факт. Имено, оваа стратегија го има истиот принцип како риболов, колку е поголема мрежата што ја фрлате, толку се подобри шансите да фатите нешто или некого (тоа би можело да биде извор на старата поговорка „во морето има уште многу риби“).

Жените на тој начин можат да поминат денови, ако не и месеци, на страници и апликации за запознавање, чекајќи принцот на бел коњ да им испрати порака. Затоа, сега е време да престанеме да седиме и конечно да ги преземеме работите во свои раце. Верувајте, ќе се изненадите.

Жените кои први пристапуваат кон мажите веднаш го разбудуваат нивниот интерес

Интересно е што, без оглед колку пораки дневно примаат жени, стапката на нивните одговори е претежно иста. Сепак, со мажите е сосема спротивно. Колку повеќе пораки добиваат, толку повеќе испраќаат, а дамите треба да ги свртат тие информации во своја полза. Истражувањата велат дека жените имаат околу 2,5 пати поголема веројатност да остварат разговор со маж доколку го направат првиот потег.

Жените можат да добијат подобар резултат ако преземат иницијатива

„OkCupid” откри дека луѓето обично пристапуваат кон луѓе кои се позгодни од нив, а мажите најверојатно ќе го направат тоа кај жени кои во просек се 17 проценти поубави од нив. Значи, ако преземете иницијатива, можете да се осигурате и да разговарате со убав човек. Исто така, не е сè во изгледот, туку во целокупната привлечност, што го вклучува и нивниот социјален статус и интереси.

Жените со поголема веројатност ќе најдат убов ако го направат првиот чекор

За повеќето луѓе на страниците за дружење, крајната цел е да започнат врска и да најдат сродна душа. Но, ако жената го направи првиот потег, веројатноста за тоа да се случи значително се зголемува. Друга онлајн платформа за наоѓање на партнери, „The League”, исто така, спроведе свое истражување. Откриле дека една од три парови на нивната апликација најпрво започнале со допишување бидејќи пристапило женско лице, а во врските што резултирале во ангажмани, најмногу жени биле иницијатори.

Прочитајте и: Една мала навика со мобилниот телефон може да укаже на неверство на партнерот

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.