Поради неа ја оставил својата бремена девојка и ја прекинал долгогодишната врска: Вака Жизел Бундшен го завела Том Брејди!

Љубов посилна од сè

Штом ја здогледал, знаел дека таа е жената на неговиот живот

Бразилската манекенка, која е една од најголемите ѕвезди во историјата на манекенството, Жизел Бундшен, оваа година слави 12-годишнина од бракот со американскиот спортист Том Брејди.

Парот важи за еден од најхармоничните меѓу познатите, а заедно имаат две деца, Вивиен Лејк Брејди и Бенџамин Брејди. Не е многу познато, но рагбистот е татко и на Џон Едвард Мојнахан, кого го добил со девојката со која бил заедно пред да започне врска со Жизел.

Во моментот кога Жизел и Том се запознале, тој сè уште бил со актерката Бриџет Мојнахан. Нивниот однос во тој период бил турбулентен, се смирувале и се карале, а потоа одлучиле да направат пауза и да сфатат дали сакаат да продолжат со заедничкиот живот.

Додека Том размислувал дали ќе остане со Бриџит или не, Жизел минувала низ љубовен бродолом. Имено, таа раскинала со актерот Леонардо Ди Каприо по неколку години врска. Манекенката била разочарана, но средбата со Том ѝ го променила животот.

Ги запознале заеднички пријатели, а тие не кријат дека се случила љубов на прв поглед.

„Веднаш знаев – штом го погледнав“, рекла Жизел во една пригода за „Венити Фер“.

„Се запознавме преку пријатели. Во моментот кога го погледнав, тој се насмевна и си помислив: ‘Тоа е најубавата, најхаризматична насмевка што некогаш ја имам видено’“, признала и додала дека разговарале три часа и дека ѝ паднало тешко што требала да отпатува во Бразил за божиќните празници.

Том веднаш знаел дека Жизел е жената на неговиот живот, па сфатил дека нема никаква иднина со Бриџет.

Парот започнал врска, а еден месец подоцна како молња ги погодила веста дека Брејди ќе стане татко – Бриџет била бремена. Жизел и Том одлучиле да продолжат со својата врска, а по осум месеци Џон пристигнал на овој свет. Како што подоцна признала манекенката, планирала да раскине со спортистот, но сепак останале заедно.

Во февруари 2009 година, се венчале само еден месец откако Том ја запросил бразилската убавица, и тоа така што ѝ кажал да побрза дома, бидејќи нејзиниот стан е поплавен, а кога пристигнала здогледала ливчиња рози, свеќи и Брејди на колена. Истата година добиле син, а три години подоцна и ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Брејди му е еднакво посветен и на синот што го има со Бриџет, а Џон е близок со помалите брат и сестра. Бриџет одлучила да му прости и покрај тоа што не бил со неа за време на бременоста.

По 14 години Жизел Бундхен конечно открила: Ова е вистината за раскинувањето со Леонардо ди Каприо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.