Турско пиде: Еднаш кога ќе го пробате овој рецепт, никогаш повеќе нема да посакате класична пица!

Вкусни полнети чамчиња

Ова едноставно не смеете да го пропуштите

Состојки:
  • 400 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 10 г сув квасец
  • 2 цели јајца
  • 850 г + 50 г меко брашно

За филот:

  • Состојките може да бидат различни: сирење, јајце на око, кашкавал, шунка, печурки…
Приготвување:

Во 150-200 мл топло млеко разматете шеќер, квасец и лажиче брашно. Оставете го квасецот да нарасне додека ги приготвувате преостанатите состојки.

Околу 400 г брашно ставете го во сад за мешање, па додајте сол и измешајте. Потоа додавајте ги другите состојки по ред: преостанатото млеко, речиси целото масло (оставете 2 лажици за на крај), едно јајце и една белка (жолчката исто така оди на крај). Додајте го и нараснатиот квасец во брашното. Замесете тесто што не се лепи за раце од 850 г брашно.

Намрсете го со издвоеното масло, премесете го малку и оставете го тестото да стасува час-час и половина на топло место.

Премесете го нараснатото тесто, па поделете го на 8 дела (или колку сакате, и во зависност од тоа дали сакате поголеми или помали. Секој дел од тестото формирајте го во топче. Не го валајте тестото предолго за да не стане жилаво и тешко за сукање, но ако се случи тоа, само оставете ги топчињата да отстојат 10 минути и ќе се отпуштат.

Расукајте го секое топче горе-долу, а малку и од странете. Ставете фил по желба. На крајот, само свиткајте ги рабовите навнатре, а краевите на тестото притиснете ги во шпиц за да добиете форма на чамец.

Оставете ја првата тура да отстои 30-тина минути, додека ја филувате втората. Премачкајте ги со преостанатата жолчка и вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Печете ги 15-20 минути. Ѕирнете ги по 15 минути за да видите дали треба уште да се печат. Рабовите треба убаво да заруменат. Добар апетит!

Најдобриот сендвич на светот: Мора да го пробате овој португалски специјалитет!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.