Ниту една паметна жена не се согласува на ова: 5 работи што ни во лудило не треба да ги правите за маж!

Мудри совети

Колку и да го сакате, никогаш не ни помислувајте на овие работи

Колку и да го сакате вашиот партнер, некои работи едноставно се забранети. Паметната жена никогаш нема да ги прави овие 4 работи за својот партнер…

1. Да му помагате финансиски

Секоја жена што го финансирала својот партнер, горко зажалила поради тоа. Бидете му поддршка во тешките времиња, но никако не се согласувајте на тоа вие да го издржувате.

2. Да му купувате скапи подароци

Никогаш не му ја покажувајте љубовта со скапи подароци. Не обидувајте се да го импресионирате така што ќе потрошите огромна сума пари на него, особено не на почетокот од врската. Тоа ќе ја одведе вашата врска во погрешна насока. Парите никогаш не треба да бидат мерило за љубовта.

3. Да го менувате изгледот, само затоа што тој го сака тоа

На жените речиси природно им доаѓа да го менуваат изгледот во согласност со тоа што му се допаѓа на нивниот партнер. Да се разбереме, нема ништо погрешно во тоа да поминете малку повеќе време средувајќи ја фризурата пред рандеву. Тоа е можност да ја нагласите вашата природна убавина и да си ја подигнете самодовербата. Сепак, би требало да бидете еднакво самоуверени кога ќе се појавите пред него во маица и фармерки, но и кога ќе се појавите во фустанот што тој го обожава. Бидете свои.

Никогаш не менувајте го својот изглед поради маж, дури и да го сакате најмногу на светот. Ако ве притиска да се облекувате онака како што тој сака, да носите фризура каква што тој сака или на кој било начин да го менувате своето тело, тој не го заслужува вашето време.

4. Да се откажете од вашите соништа

Тоа што сте во врска не значи дека треба да се откажете од вашите соништа само затоа што соништата на вашиот партнер не се поклопуваат со вашите. Напротив! Вистинскиот маж ќе ве поддржи во сите ваши намери.

5. Да измислувате оправдувања за него

Кога тој ќе погреши, понекогаш сигурно има добро оправдување, но не треба вие да го измислувате за него. На тој начин се лажете себеси и го поддржувате неговото непримерно однесување во некои ситуации. Кога треба, не плашете се гласно да го искажете своето мислење и да се изборите за себе.

Зошто на жените по 30-та година им е тешко да го најдат „вистинскиот“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.