Уживајте во убавините на Охрид во Hotel Park Golden View

Парк Голден Вју е Хотел кој се наоѓа на самата обала на Охридското езеро. Располага со 40 соби, секоја со сопствена тераса и прекрасен поглед на нашето најголемо богатство Охридското езеро и Националниот парк Галичица. Секоја од собите располага со модерен и луксузен инвертар, сопствена бања, минибар, смарт ТВ, телефон, фен и бежичен интернет. Стандарната услуга која што ја нудиме во склоп на цената е ноќевање со доручек. Покрај тоа нудиме и услуга на база полупансион и полнпансион.

Типови на соби со кои што располага:

  • 22 Стандардни соби
  • 13 Апартмани ( со две соби)
  • 3 Џуниор Апартмани
  • 2 Апартман со поглед на базен (со кујна)

Во склоп на хотелот  се наоѓа „EGOIST BEACH BAR“  со најубавиот поглед  на градот, во кој е понудена прекрасна атмосфера и превкусно зготвени специјалитети од страна на врвен Шеф. Располага и со своја плажа, на која гостите можат да уживаат во долгите летни денови и прекрасните зајдисонца. Хотел на располагање нуди и бесплатен паркинг.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.