„Може дедо да ѝ биде и сите го знаеме тоа“: Познатиот пејач не престанува да ја згрозува јавноста поради врската со 40 години помлада!

Што мислите вие?

Лајонел Ричи и Лиса Париџи веќе неколку години се во среќна врска, а големата разлика во годините не претставува никаква пречка за нивната љубов

Славниот музичар Лајонел Ричи веќе неколку години е во врска со младата Лиса Париџи (33), а кога јавноста дозна за нивната врска, цела Америка зуеше за тоа.

Медиумите одеа толку далеку што се шпекулира дека двојката е заедно уште од 2014 година, кога таа имала само 24 години.

Сепак, разликата во годините не претставува проблем за нив, бидејќи синоќа се појавиле заедно на црвениот килим на доделувањето Американски музички награди во Лос Анџелес, каде што привлекле големо внимание.

73-годишниот кантавтор и неговата 33-годишна партнерка позирале со широки насмевни додека пред фотографите разменувале нежности и вљубени погледи. Притоа, таа заблескала во елегантен фустан со прорез, а тој во црн костим што го усогласил со нејзината креација.

Инаку, двојката ретко се појавува во јавност, иако се заедно уште од 2014 година, а многумина се шокирани од фактот што разликата меѓу нив е цели четири децении и дека оваа убавица е значително помлада и од ќерката на легендарниот пејач, Никол Ричи, која има 43 години.

Сепак, има многу коментари и дека познатиот 73-годишен пејач добро се држи, дека изгледа прилично младолика и дека Лиса, всушност, добро му одговара.

„Па и покрај разликата во годините, изгледаат складно“, „Никогаш не би погодил дека има толкава разлика“, „Тој изгледа многу помладо“, „Не се гледа разликата во годините“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Од друга страна, има и такви што коментираат дека Лиса не била ни родена кога Ричи ги нижел некои од своите најголеми хитови.

„Иако тој добро се држи за своите години, сепак одвратен е фактот што е 40 години постар“, „Може дедо да ѝ биде и сите го знаеме тоа, иако не се гледа толку разликата“, „Тој тотално се променил од многуте пластични операции со цел да изгледа помладо“, гласеле коментарите на луѓето што не се воодушевени од изборот на славниот пејач.

Што мислите вие за оваа врска?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.