Цеца Ражнатовиќ добила понуда каква што не се одбива: Пејачката со тимот веќе размислуваат дали да прифатат! (ФОТО)

Дознајте за што се работи!

Фото: Инстаграм

Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ги спакувала куферите пред неколку дена и заедно со сестрата Лидија, нејзините деца и внукот Жељко отпатуваа на Малдивите. Цеца пред неколку години ги открила убавините на оваа островска држава која се наоѓа во Индискиот океан.

Како што дознава „Ало“, Ражнатовиќ со себе ја земала и екипата која е задолжена за снимање на документарниот серијал „Цеца и деца“, која се емитува на „Блиц телевизија“. Дека оставила силен впечаток кај своите домаќини на Малдивите, сведочи тоа што тие и понудиле да стане заштитно лице на луксузниот ресорт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


Како што пишува српски „Ало“, понудата за овој ангажман се брои во илијадници евра, а покрај тоа Цеца би добила и бесплатен „ол инклузив“ одмор за себе, пријателите, семејстото во времетраење од година дена.

„Цеца за време на својата долгогодишна кариера имала бројни понуди да стане заштитно лице на многу градови, но тоа никогаш не и било примамливо.Својата кариера ја градела исклучиво со добри песни, големи концерти и музички соработки со познати пејачи. Сепак, понудата која ја добила овојпат, ја оставало без текст“ – пишува „Ало“ и додава:

„Покрај примамливата финансиска понуда, во договорот е понудено да стои и ставка за неограничен број на одмори во ресортот. Нејзина обврска би било од време на време да објави неколку фотографии од Малдивите на својот Инстаграм, каде ја следа милион луѓе, да се појави на промоција на луксузниот ресорт и да сними еден спот за новиот албум на овој рајски остров.

Фолк-дивата за ова веќе размислува со својот тим…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.