Љубов во доба на коронавирус: Избегнувајте контакт со поранешни партнери – еве зошто!

Фото: Unsplash

Набргу по раскинувањето, многумина сакаат повторно да имсе јават на своите поранешни партнери, што според психолозите е сосема нормално, но треба да се има предвид дека ваквите избрзани реакции можат да ви донесат многу повеќе штета отколку корист.

Експертите тврдат дека е природно да копнееме по друштво на луѓе за кои се грижиме, а во моменти на голема вознемиреност и стрес, ние сме особено склони да се свртиме кон среќните спомени од минатото. Толку често многумина посегнуваат по своите мобилни телефони и одлучуваат да ги повикаат своите поранешни љубовници – иако тоа може да им донесе повеќе штета отколку корист.

Желбата да се контактира поранешен љубовник не е секогаш лоша, бидејќи може да произлезе од вистинска загриженост за неговото здравје. Но постојат и други причини, како досада или желба за секс. Појавувањето пред поранешните љубовници може да биде во ред сè додека тоа произлегува од вистинска загриженост и сè додека немате скриени мотиви, велат експертите. Исто така, многу е важно да не ја будите сопствената и туѓата лажна надеж и да бидете сигурни дека излезот од сите проблеми не е во прегратките на таа личност.

Психолозите ве советуваат да размислите дали е разумно да контактирате со вашите поранешни партнери сега кога сите се поранливи од вообичаеното и дали тоа ќе има корист и на двајцата на долг рок. Во некои случаи, вишокот на слободно време, со кое се соочија многумина во изминатата година, може да ве натера да размислите повеќе за прекините и грешките од минатото. Ако сакате да ѝ се вратите на поранешната љубов, размислете дали „новото нормално“, карантинот и самоизолацијата влијаеле позитивно на реализацијата или служеле како измама што ве повлекува назад во односот од кој сте излегле.

Така, психолозите сметаат дека моменталната желба да се контактира со поранешен партнер е нормална и очекувана, но исто така и дека во повеќето случаи треба да се избегнува и да се прават големи одлуки оставени за некои помирни, порелаксирани денови. Имено, носењето големи одлуки во моментите на стрес може да се покажат погубни, бидејќи кога сме под влијание на емоции, не можеме да ја разгледаме ситуацијата рационално.

Прочитајте и: 6 мали нешта што можат да направат многу за вашата врска со партнерот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.