Како да одржите врска или брак во предизвикувачки времиња?

Корисни совети

Можеби сте ги слушнале или самите сте ги доживеале проблемите што ги донесе пандемијата и карантинот, а резултатот беше сознанието дека сепак не сте еден за друг …

Причините за раскинување при карантин не мора да бидат поврзани само со затворањето во домот. Можеби тоа затворање само ги извади на површина проблемите што двојката претходно ги туркала под килимот.

Сепак, има и такви парови кои едноставно не се навикнати да поминуваат толку многу време заедно, па се наоѓаат во ситуација што не е природна за нив и не се сигурни како да се справат со тоа. Потоа следуваат раскинувања на луѓе блиски до нив, поради што на многумина им се чини дека се во ситуација од која нема излез.

Иако моменталната состојба е поблага отколку на почетокот на 2020 година, ние сепак поминуваме многу повеќе време отколку вообичаено во нашите домови, „затворени“ со партнери и сопрузи.

Но, таквата ситуација не мора да биде причина за проблеми во врската или бракот. Ако ве интересира како да преживеете и покрај фактот дека нашите животи се променија, дури и кога сте опкружени со раскинувања и лоши врски, прочитајте ги советите подолу.

Учете од туѓите грешки

Мудар е парот кој може да учи од грешките на другите. Кога сте сведоци на разделување на парови околу вас, бидете внимателни. Ако ви се блиски, веројатно имате увид во нивните проблеми. Можете да разговарате за нив со вашиот партнер за да видите дали самостојно се движите во погрешна насока. Учејќи од грешките на другите, можете да ја заштитите вашата врска од истата судбина.

Имајте реални очекувања

Не сонувајте за некои работи што никогаш не сте ги кажале на глас и тогаш очекувате од вашиот партнер да ги постигне затоа што, ете, тој треба да го чита вашиот ум. Слично е и обратното, се разбира. Ако сакате некои работи кажете го тоа. Ако ви се приближува роденденот и имате некои желби, навестете му ги на вашиот партнер. Тој сигурно ќе ве сослуша и ќе се сети дека спомнавте нешто. Не очекувајте дека ќе го прочита вашиот ум, во оваа или во која било друга ситуација.

Одвојте време за себе

Ние често сме робови на нашите распореди, и во сето ова сакаме да им посветиме доволно внимание на сите што ги сакаме и потоа да заборавиме на најважната личност за нас. Бидете сигурни дека вие двајцата секогаш имате време за себе, барем една вечер во неделата што ќе биде посветена само на вас. Организирајте романтична вечера дома, гответе заедно, гледајте филм … Што и да ви одговара. Постојат многу опции, и на овој начин ќе ја негувате врската онака како што заслужува.

Вежбајте трпеливост

Постојат моменти кога треба само да вежбате трпеливост. Не е секогаш лесно, но може и да биде. На пример, ако не ви се допаѓа член на семејството на вашиот партнер, не мора постојано да го стресите. Бидете љубезни, но далечни со таа личност. Не секој член на семејството на вашиот сопруг треба да стане ваш најдобар пријател, особено некој што нема да го гледате толку често.

Вашата комуникација нека биде отворена

Комуникацијата може да биде меч со две острици. Од една страна, веројатно сакате да имате отворени дискусии со вашиот партнер, но во исто време не сакате да претерувате. Имено, можно е едноставна мала работа да се претвори во голем проблем кога разговорот ќе отиде предалеку. Затоа, добро е да ги изберете своите битки. Ако навистина мислите дека нешто е проблем, седнете и поправете го тоа. Ако мислите дека нешто е мало и безначајно, тогаш оставете го да помине.

Запомнете колку одлична врска имате

По целата лудост на животот, сѐ се сведува само на вас двајца. Без оглед што се случува околу вас, не заборавајте колку сте одличен пар. Нека мислите бидат позитивни. Не дозволувајте мали стресни моменти да влијаат на вашата врска. Ако се цените едни со други, вашата врска ќе ви обезбеди сигурност што малкумина можат да ја обезбедат.

Дружете се со среќни парови

На крајот на денот, дружете се со луѓе кои се среќни. Луѓето имаат навика да копираат одлики на луѓе на кои им се блиски. Опкружувањето со среќни парови ќе влијае позитивно на вашата врска.

Прочитајте и: Не постои совршена врска: Ова се проблеми со кои сите се соочуваме понекогаш

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.