Шминката не смеете да ја позајмувате ни на вашата најдобра пријателка!

Никој не сака да се претвори во скржавец кој не ја дава својата шминка на никого, но треба да се биде внимателен.

Производот кој никогаш не треба да го позајмувате е маскара затоа што пренесува конјунктивитис.

Сјајот за усни и четките за пудра не се во категоријата „безгрижно споделување со другите“. Но, ако сепак ги позајмите, избришете го сјајот со хартиена крпа и попрскајте ја пудрата или четката за руменило со средство за дезинфекција на рацете.

Шминката што можете да ја позајмите безгрижно се кармини и моливи за очи затоа што имаат густа текстура и лесно можете да го отстраните горниот слој. Кај карминот, направете го тоа со марамче, а кај моливот, доволна е и острилка.

Прочитајте и: Ирина Шајк ја откри својата тајна: Еве како се спасила од здодевните мозолчиња

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.