„Фала му на Бога што се сретнавме пред големиот успех“: Како почнала најубавата љубовна приказна од светот на тенисот!

Го освоила со насмевка на прв поглед!

Се запознале во средно училиште, а врската првпат им се нашла пред искушение кога таа се преселила во Италија, а тој патувал низ светот

Нивната љубовна приказна почнала уште во летото 2005 година, во тинејџерските денови во Белград, а била крунисана со брак девет години подоцна на Свети Стефан.

Кога се запознале, тогаш 17-годишниот Новак Ѓоковиќ одлучил професионално да се занимава со тенис и таа година завршил на 78-мо место на светската АТП листа.

Јелена Ристиќ, 11 месеци постара, исто така се занимавала со спорт, поточно со атлетика, а се запознале во поголемо друштво. Благодарение на спортот го започнале првиот разговор и сфатиле дека имаат многу заеднички теми, а оние што присуствувале на нивната прва средба, го нарекле тоа љубов на прв поглед.

„Таа е нешто посебно за мене, таа е мојата сродна душа. На прв поглед ме освои со насмевката. Секако дека изгледот прв доаѓа до израз, но за љубов треба многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се сретнавме долго пред да постигнам големи успеси, бидејќи знам таа е со мене поради мене, поради Новак, поради детето што го запозна кога имаше само 17 години. Таа е мојата најголема поддршка, способна е, амбициозна и силна. Кај неа најмногу ја сакам искреноста, тоа е она што не’ прави среќни“, има изјавено Новак многу пати.

Но како што нивната врска напредувала, така почнале да се јавуваат и првите проблеми. Имено, поради многуте обврски Јелена и Новак не можеле да се гледаат онолку колку што сакале, бидејќи немале толку пари за да можат во секој момент да седнат во авион и да отпатуваат кај другиот.

https://www.instagram.com/p/Bq7lTxzj003/?utm_source=ig_embed

„Нашите гледања беа научна фантастика. Бев студентка која финансиски едвај отиде да студира во странство, а тој беше тенисер кој исто така немаше пари за да финансира скапо патување. Авиони за нас беа небесни летала, ние тоа не можевме да го достигнеме“, се присетила Јелена Ѓоковиќ, која во тоа време се запишала на факултет во Милано, поради што се преселила во Италија.

Сепак, Новак се трудел секогаш кога имал можност да ја изненади со своето доаѓање. Така еднаш успеал да се договори со професорот да седне во последниот ред од амфитеатарот на факултетот, за да и’ биде поддршка на испитот по финансии. За да собере пари, Јелена работела во обложувалница, но и како промотерка на разни брендови и настани, со цел да им олесни родителите околу финансирањето на нејзините студии во Милано, но и за да има џепарлак.

https://www.instagram.com/p/BpOa8yCFc5b/?utm_source=ig_embed

Се’ додека не дипломирала, парот одржувал врска на далечина, а потоа конечно му се придружила на бројните турнири ширум светот и му била најверна и најгласна поддршка од трибините. Нивната врска се нашла на раскрсница и кога Новак и Јелена морале да одлучат што ќе прават понатаму. Разговарале за заеднички живот и тогаш донеле одлука таа да се пресели во Монако, нивната сегашна семејна база.

Јелена тогаш нашла работа во служба за човечки ресурси во една нафтена компанија и навистина уживала.

„Три години од почетокот на нашата врска се најдовме на раскрсница. Се одлучивме за заеднички живот. Но во Монако беше тешко да се најде работа. Се’ беше затворено, но јас случајно се вработив во една нафтена компанија“, се присетила Јелена.

По една година, обајцата сфатиле дека таквиот начин на живот не им носи среќа. Таа работела по цел ден, а тој постојано бил на турнири. По долг разговор, одлучиле таа да стане директорка на Фондацијата Новак Ѓоковиќ, преку која организирала многу хуманитарни акции, а истовремено била со Новак на турнирите во секој момент.

https://www.instagram.com/p/BtgZifJjeP4/

„Работев таму една година, но тоа беше невозможна мисија за нашата врска. Во еден момент Новак ми кажа дека не можеме повеќе така. Додека студирав, точно знаев кога сум слободна и кога можам да му се посветам. На работа ги минував деновите во канцеларија и нашата врска се најде во искушение. Затоа побаравме друго решение.“

Во 2013 година светот дозна дека Новак Ѓоковиќ ја запросил својата долгогодишна девојка, за што тенисерот и самиот се пофалил на својот профил на Фејсбук.

„Отсега Јелена на сите ќе им ја претставувам како свршеница и идна сопруга. Почнува навикнувањето. Слатки маки. Пресреќни сме!“

Иако на теренот бил самоуверен, кога дошло до моментот да ја запроси, не му било сеедно.

https://www.instagram.com/p/BogGEdBFQJR/

„Морав да ја соберам сета можна храброст што ја имам и да го сторам тоа. Пред тоа се распрашував по луѓе, кои веќе поминале низ свршувачка, какво е чувството, што можам да очекувам, но сите ми кажаа дека дури откако ќе се случи тоа, кога ќе го изговорам прашањето, ќе дознам какво е чувството. А чувството е неверојатно“, раскажал Новак.

Пред самата венчавка, која била закажана за лето 2014 година, Јелена и Новак Ѓоковиќ споделиле уште една среќна вест со светот. На 24 април Новак на Твитер објавил дека Јелена е бремена.

„Со мене преживеавте многу убави и тешки моменти во кариерата. Не можам да бидам посреќен човек, бидејќи имам здравје, љубоб и Бог ме благословил со тоа заедно со Јелена да го очекуваме новиот член на семејството. Јелена е бремена!“

Иако планирале дете, не се оптоварувале со тоа дека таа мора да остане бремена што побрзо.

„Се случи првиот пат кога пробавме – голема прецизност, не згрешив“, рекол низ насмевка најдобриот српски тенисер.

https://www.instagram.com/p/BurKsgpjy-P/?utm_source=ig_embed

Како врв на нивната љубовна приказна, на 10 јули на островот Свети Стефан во Црна Гора, Јелена Ристиќ и Новак Ѓоковиќ ја озакониле врската со брак, а светот го следел целиот настан со голем интерес. Четири месеци по венчавката, на 21 октомври 2014, Јелена во Монте Карло родила момче, кое го крстиле Стефан. Три години подоцна добила „засилување “ – ќеркичка Тара.

Иако низ годините се’ изгледало идилично, сепак постои еден скандал што се поврзува со нивниот брак. Имено, во 2016 година Ѓоковиќ поради лошата игра останал без Вимблдон, а причината за тоа, како што и самиот кажал, биле приватните проблеми. Тогаш почнале гласините дека неговиот брак е нестабилен, а како главен виновник за тоа била прогласена убавата индиска актерка Депика Падуконе.

https://www.instagram.com/p/BzF7KafASZG/

Имено, Новак Ѓоковиќ бил фотографиран неколку месеци претходно во нејзино друштво во Лос Анџелес, и иако тој тврдел дека таа е семејна пријателка, италијанските медиуми дознале дека бесната Јелена Ѓоковиќ побарала да ја одвојат нејзината банковна сметка од онаа на Новак.

За среќа, аферата била брзо заборавена, а парот денес е посреќен од кога било претходно!

https://www.instagram.com/p/BrDXfCkDT_G/?utm_source=ig_embed

ФОТО: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.