Едвај сврзувала крај со крај, а потоа тој ѝ го претворил животот во бајка: Еве како Георгина го завела Роналдо!

Љубовна приказна

„Тоа беше љубов на прв поглед“, вели таа

Милион следбеници на Инстаграм, живот од соништата, маж и семејство, изгледа дека Георгина Родригез живее вистинска бајка, но ни тој пат до среќата не бил едноставен.

Родена е на 27 јануари во 1994 година во Буенос Аирес, а со семејството се преселила во шпанското гратче Јака, каде што нејзиниот татко дошол поради фудбал, а работел како тренер. Георгина уште на четири години ја открила својата голема љубов – танцот.

„Не бев многу убаво дете. Со сигурност не бев најубава во одделението. Едноставно, се чувствував нормално. Танцот ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста“, раскажала Георгина за странските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Сепак, подоцна одлучила да му се посвети на моделството.

„Не постои момент во кој одлучив дека ќе бидам модел. Подоцна на училиште одеднаш почнаа да ми кажуваат дека сум убава, дека имам добро тело и почнав и самата да верувам во тоа“, открила партнерката на Роналдо.

Набрзо добила можност во Мадрид, но немала пари, па отпатувала во Бристол за да се вработи и да го усоврши англискиот јазик.

„Бев и чистачка, ништо не ми беше проблем“, признала Георгина во исповед за медиумите.

Кога собрала доволно пари, се вратила во Шпанија. Во Мадрид живеела со сестра ѝ, но и понатаму копнеела по успех. Имала речиси совршени телесни пропорции: 85-62-90, а поради тоа успеала да се вработи како продавачка во продавница на „Гучи“ во Мадрид.

Една средба потполно ѝ го променила животот…

Во текот на една нејзина смена, во продавницата влегол Кристијано Роналдо. Георгина му асистирала при купувањето и оттогаш фудбалерот секогаш барал таа да му помага додека одбира гардероба.

„Првпат се сретнавме кога работев како асистентка за продажба. Неколку дена подоцна, имаше оргинизрано еден маркетиншки настан на друг бренд, каде што јас едноставно отидов, кога таму беше и тој! Тука можевме да зборуваме многу поопуштено, бидејќи не бев на моето работно место. Тоа беше љубов на прв поглед, и за мене и за него“, открила Георгина.

Другото е веќе добро познато. Роналдо и Родригез добија ќерка Алана Мартина, а заедно се грижат за четири деца, најстариот син на Роналдо, Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Георгина Родригез му го краде шоуто на Кристијано Роналдо – Нејзините фотки во костим за капење се полајкувани од оние со фудбалерот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.