Дали секој од нас е способен да се вљуби?

Случај: вљубување

Дали ви е познато чувството на треперење во желудникот, потење на дланките, кога постојано се смешкате и посакувате да го видите него? Сепак, постојат луѓе на кои воопшто не им е познато или кои го доживеале само еднаш и никогаш повеќе…

Исто како и љубовта, заљубеноста е комплексен феномен, а во расветлување на специфичните случаи ни помогна психотерапевтката Гордана Никиќ.

Случај 1 Што ако никогаш не се вљубам?

„Имам 35 години и никогаш не сум била вљубена. Околу мене секогаш се моткаа момчиња, но ги избирав партнерите според принципот ’сега би можела некому да му дадам шанса, малку да се забавувам и јас’. Се разбира, тој некој мораше да ми биде интересен и привлечен.

Имав неколку врски пред бракот, но на секоја ѝ недостигаше искрата што се претвора во пламен, ми недостигаше чувството кога не можете да дочекате да го видите и да го прегрнете саканиот. Знам дека љубовта е таква, затоа што таквите симптоми ги забележував кај моите другарки, кои главно ги губеа главите по момчиња што не умееја да ги ценат.

Се омажив на 26 години, а се одлучив на тој чекор поради желбата да основам семејство. Некако ми беше логично – завршив факултет, имав среќа брзо и лесно да најдам работа, па на ред беше и бракот. Сопругот го избрав врз основа на истиот принцип како и претходните момчиња. Интересен и упорен. На крајот го засакав.

Сепак, тоа беше љубов што се темелеше на длабока почит и очигледно ни недостигаше уште нешто за да ни успее бракот. По осум години, ме остави. Едноставно, најде друга жена. Чесно. Го разбирам, иако страдам и ми недостига.

Ми недостигаат нашето заедничко утринско кафе, коментирањето нови книги и филмови, заедничките галења со децата, она кога ќе ме фатеше за рака и ќе ми кажеше дека сè е океј, и покрај тоа што не беше. Знам дека сум оставена поради тоа што во бракот влегов без страст, без пеперутки во стомакот. Се прашувам понекогаш дали секој мој однос до крајот на животот ќе биде студен…“

РЕШЕНИЕ

„Можно е да постојат луѓе што никогаш не се вљубуваат. Причина за тоа би можел да биде постуден однос на родителите во раното детство, но и филозофскиот систем што го застапува единката. Ако се формира во семејство со прагматичен став кон љубовта, тогаш и самата ќе биде таква. Исто така, влијае и културолошкиот модел.

Во минатото жените се мажеле исклучиво по договор. Концептот на брак од љубов во Европа функционира во последните 150 години, а на Исток и понатаму е реткост. Нивната култура е таква што жените својот маж го доживуваат судбински. Значи, љубовта не почнува секогаш со заљубување, најчесто и не е така. Голем број љубови се родиле од пријателства.

Дури и се препорачува добро да го запознаете партнерот пред да стапите во брак, па кога ќе се отворите кон него емотивно и еротски – овој момент е многу важен, влегувате на познат и близок терен. Земајќи предвид дека луѓето различно гледаат на љубовта, многу е важно уште во почетокот да го прашаме партнерот каква е неговата филозофија.

Ако му е важно со некого да има добра интелектуална комуникација или да биде со лице што е материјално добро ситуирано или бара блискост и внимание, тогаш тоа треба и да се почитува. Колку што има луѓе, толку има и филозофии. Романтичниот концепт не е единствениот што постои.

Вљубеноста трае на почетокот од врската, а потоа преминува во позрел однос, со поголемо разбирање и со чувство на припадност. Тоа е љубов што ни дава ветер во грбот. Тоа е она кога очекуваме некој да биде тука, да се грижи за нас, да ни свари кафе кога ни е тешко, некој пред кого можеме да бидеме отворени.

Тоа се развива и не може да се очекува во почетокот. Но може да се случи и без пеперутки во стомакот. Со тоа што е важно да биде своевиден страстен пријателски однос, кој со текот на времето ќе се развие во привлечност. Ако најдат добар и стабилен партнери, кој им дава љубов и поддршка, рационалните луѓе можат да се сменат со текот на времето, особено кога ќе дојдат децата.“

Случај 2 Што ако никогаш повеќе не се вљубам?

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.