Лекција на стар професор што нема да ја заборавите: Кога ќе пиете кафе, секогаш сетете се на ова!

Жива вистина!

Најсреќните луѓе не се оние што имаат сѐ најдобро, туку оние што го извлекуваат најдоброто од она што го имаат

Група дипломци од престижен факултет прославувале годишнина од завршувањето на факултетот. Дошле во посета на стар професор. За време на посетата, дипломците се жалеле за разните тешкотии на работа и за животните проблеми.

Професорот отишол во кујната да свари кафе, а кога се вратил, на послужавник донел шолји со различна големина и од различен материјал: некои биле пластични, некои стаклени, некои порцелански, некои евтини, други скапи…

Кога студентите си го поделиле кафето меѓу себе, професорот рекол:

„Имајте на ум дека убавите шолји се разграбани, додека евтините останаа. И иако е нормално да го посакуваме најдоброто за себе, тоа е сепак извор на сите наши стресови и проблеми.

Разберете дека самата шолја не го прави кафето подобро. Најчесто е само поскапа, но понекогаш дури и го крие она што го пиеме. Всушност, она што го сакавте е кафето, а не шолјата. Но намерно ја одбравте најдобрата, а потоа погледнавте што зграбиле другите.

Сега сфатете дека: животот е кафето, а работата, парите, положбата во општеството – сето тоа е шолјата. Тоа се само алатки за одржување на животот. Тоа каква шолја имаме не го одредува квалитетот на нашиот живот. Понекогаш, толку сме сконцентрирани на шолјата што не сфаќаме како треба да уживаме во кафето.

Најсреќните луѓе не се оние што имаат сѐ најдобро, туку оние што го извлекуваат најдоброто од она што го имаат.“

Секој мора да го прочита ова: 7 лекции од познати психолози кои ќе ви го променат животот од корен!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.