Брус Вилис за љубовта со 23 години помлада жена: „Ова е најневеројатната врска во мојот живот!“

Вљубен до уши!

„Поминав 10 години сам и цело време се чувствував тажно, но кога ја започнав врската со Ема, повторно ја открив среќата“, признал актерот

Целиот свет повторно зборува за Брус Вилис и Деми Мур, а поминаа 20 години од нивниот развод. Причината е нивниот заеднички карантин поради коронавирусот. Имено, поранешните сопружници одлучиле да се изолираат заедно со своите три ќерки.

https://www.instagram.com/p/B-uLq3EpQif/

Тоа не би било толку чудно да не беше Брус Вилис во среќен брак со Ема Хеминг веќе 11 години. Додека Брус Вилис изигрува среќно семејство со поранешната сопруга, изгледа дека тоа воопшто не ѝ пречи на неговата сегашна сопруга.

А Брус? Па изгледа дека нему сѐ му оди како подмачкано во животот…

Во една пригода, Брус Вилис рекол дека можете да поминете цел живот и да не сфатите дека нешто не е како што треба. Но оној момент, кога ќе ја сретнете својата вистинска љубов, ќе сфатите дека годините пред тоа не ни постоеле.

Еден од најплатените американски актери имал сѐ: среќа, успех, слава, бројни обожаватели. Па затоа, не се чувствувал осамено. Дури по средбата со манекенката Ема Хеминг, која е 23 години помлада од него, сфатил колку бил несреќен.

https://www.instagram.com/p/B8jLGunlyum/

Тоа не било љубов на прв поглед, како што често се случува во Холивуд. Брус Вилис и Ема Хеминг биле пријатели неколку години пред да започнат љубовна врска.

Пресвртот се случил кога Ема се согласила да оди на состанок со него. Тогаш сфатиле дека се создадени еден за друг и покрај разликата во годините.

„Ема требаше да отпатува за Њујорк, а ден претходно, во петокот, првпат отидовме на состанок. Парадоксот е во тоа што кога размислуваш за голема љубов, не ја поврзуваш со некого кого веќе долго го знаеш. Веруваш дека личноста што ти е судена е непознат човек, кого наскоро ќе го сретнеш“, се присетува актерот.

https://www.instagram.com/p/BxCrG4Ol-N6/

Тој период Брус изгубил надеж дека ќе ја најде љубовта на неговиот живот. Неговиот брак со Деми Мур, кој траел 13 години, бил несреќен.

Дури ни фактот што имаат деца заедно не можел да им го спаси бракот: парот се разделил во 1998 година, за две години подоцна да поднесе и барање за развод. Иако долго кружеле гласини дека ќе се смират, тоа не се случило.

Деми неочекувано се омажила за младиот Ештон Кучер. И покрај сѐ, бившите брачни партнери останале во добри и пријателски односи.

По разводот, Брус Вилис живеел сам 10 години и престанал да се надева дека ќе ја најде љубовта на својот живот.

„Првите години по разводот ми беа многу тешки. Повеќе не верував во љубов. Толку многу се навикнав на идејата дека засекогаш ќе останам сам што се шегував: да жив сум, но сам сум. Дури откако Ема влезе во мојот живот, конечно се почувствував среќен.“

„Постојано сакам да бидам покрај мојата сакана Ема. Идејата да бидеме разделени е неподнослива за мене. Ова е најневеројатната врска што сум ја имал.“

Брус и Ема се венчале во март 2009 година. На венчавката присуствувала и Деми Мур, како и нејзиниот сопруг Ештон Кучер.

Брус и Ема имаат две ќерки, живеат во Њујорк и многу се среќни. Ема одржува блиски односи со постарите ќерки на нејзиниот сопруг.

https://www.instagram.com/p/B97DeE0l4zU/

„Бев многу млада кога се запознавме. Не е ни чудо што бев збунета поради тоа што излегувам со маж кој веќе има три возрасни ќерки. Првата средба со нив беше многу тешка. Но оттогаш нема проблеми. Сите се сакаме!“, раскажала Ема.

За да го сочуваат бракот, постојано работат на тоа.

„Брус секогаш ме забавува. Постојано се шегуваме, се смееме и верувам дека тоа е многу важно. Штом дојде до сериозност, бракот се влошува. Брус е многу лојален и секогаш можам да се потпрам на него. Навистина верувам дека сме еден за друг.“

https://www.instagram.com/p/B5jN3VHFK8b/

Парот ги обновил заветите на десетгодишнина од брак.

„Ова навистина е вистинска љубов. Ема е жената што ја барав цел живот. Не ѝ требаше ништо друго освен љубов“, рекол Брус Вилис.

Брус Вилис нашол мир покрај 23 години помлада манекенка: „Цел живот барав таква жена!“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.