Винтиџ градина од соништата: Волшебна оаза во вашиот двор – без да вложите денар!
Градина од соништата
И вашата градина може да изгледа како од бајките со неколку добри идеи и понекоја ситница од минатиот век…
Градините се наши оази, наше бегство од реалноста – место каде што се релаксираме, одмораме од овој брз свет и ги опуштаме сите наши сетила. Затоа, многу е важно како таа изгледа и дали сме задоволни од нејзиниот изглед, односно дали се чувствуваме убаво во својата приватна оаза. Без разлика дали е огромна или зафаќа неколку квадрата, градината може да изгледа како најубавата англиска градина без да потрошите ни денар!
https://www.instagram.com/p/Bx7sMCiHlqH/?utm_source=ig_embed
Сѐ што ви треба се неколку стари работи што сите ги имаме по дома, или се затурени на таванот или во подрумот, неколку добри идеи и малку имагинација.
https://www.instagram.com/p/BvZW6PTHe5Y/?utm_source=ig_embed
Дворот според принципот „направи сам“ може да изгледа поубаво, поинтимно и потопло отколку ако ангажирате пејзажен архитект, со самото тоа што ќе му дадете свој личен печат. А работата околу уредувањето ќе ви донесе дополнително задоволство.
https://www.instagram.com/p/B84HLePoZI7/?utm_source=ig_embed
Вашиот двор никогаш повеќе не мора да изгледа монотоно, доколку во подрумот имате неколку стари лонци со точки, некоја лимена кофа за полевање, стариот велосипед на мајка ви, стари кломпи или гумени чизми, бидејќи токму тоа можете да го искористите како места во кои ќе ги засадите омилените билки и ќе им дадете нов и потполно автентичен изглед, кој ќе го направи вашиот двор уникатен и безвременски.
https://www.instagram.com/p/BlNmDNdDItc/?utm_source=ig_embed