Актерот го промени полот, па ја остави сопругата: Со новата постапка дополнително ја збуни јавноста

Не се знае што се случува со него

Ја познававме како слатката мала актерка Елен Пејџ, а потоа таа донесе одлука да стане небинарно лице и го смени полот. Сега го знаеме како Елиот Пејџ, но со секој нареден ден овој актер сè повеќе се менува и ја шокира јавноста

Внимателно ја следевме неговата трансформација од Елен во Елиот. Сите се изненадивме кога се разведе од сопругата која му беше поддршка во процесот на транзиција, а сега тој уште повеќе шокира.

Имено, сега на црвениот килим се појави со нов партнер! Станува збор за Мае Мартин.

Откако беше сингл повеќе од една година, Елиот најде нова љубов. Со Мае Мартин се појавиле на LACMA Art+Film Gala во усогласени смокинзи.

Ако помисливте дека тоа можеби се само двајца другари кои заедно дошле на црвениот килим – сте се излажале.

Мартин објави заедничка фотографија со текстот:

„Мојот крал @elliotpage ме изведе.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mae Martin (@hooraymae)


Сега нема повеќе сомнеж, имаме нова холивудска двојка.

Што знаеме за Мае Мартин?

Мартин е канадски актер и комичар, чија досега најпопуларна улога е онаа на Кели Квоко во ТВ-емисијата „Стјуардеса“. Мартин одигра извонредна улога во втората сезона на хит-серијата и можеби ќе продолжи да биде дел од екипата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mae Martin (@hooraymae)

Исто како Пејџ, и Мартин се има декларирано како квир-лице. Тој во јавноста се појавува како небинарно лице, па токму затоа ја претпочита заменката „тие“, но не му пречи ни „тоа“.

Да се потсетиме, во јануари 2021, само 2 месеца откако јавно се декларира како трансродово лице, Пејџ објави дека се разведува од својата тогашна сопруга Ема Портнер. Двојката беше во брак од 2018 година. Причините за нивната разделба беа нејасни, но Портнер јавно ја поддржуваше транзицијата на Елиот, нарекувајќи го неговото постоење „дар сам по себе“.

8 славни личности што си го смениле полот: Нема да ви се верува кој сè се наоѓа на овој список!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.