Анкета: Македонките одговорија колку често имааат секс

Според анкетата, мажите во Македонија се просечни љубовници

Сите правила паѓаат во вода кога се во прашање љубовта и сексот, а научниците велат дека не постои „нормална“ бројка што би покажала колку често треба да водиме љубов.

Секоја врска е различна и нормално е она што ве исполнува и ве прави среќни вас и вашиот партнер.

Ние, како држава, на многу начини заостануваме зад Европа, но во сексот сме некаде на средината, а тоа го докажува и анкетата која нашиот магазин „Убавина и здравје“ ја спроведе преку нашите социјални мрежи.

Според резултатите на нашата анкета, во која свој одговор на пет прашања дадоа 1.231 девојки, излегува дека Македонките, поточно поголемиот дел од нив, 51%  (260 гласови) имаат секс еднаш неделно или 54 пати годишно. 

19% или 94 девојки ја избраа опцијата дека имаат секс секој ден, но, за жал, и бројот на жени кои имаат секс помалку од еднаш во месецот изнесува 17% или 88 гласови. 

Македонките се многу подобри од европскиот просек во однос на доживувањето оргазам. Високи 64% или 306 гласа доби опцијата дека секогаш додека имаат сексуален однос доживуваат оргазам.

За жал, 7% или 32 девојки велат дека никогаш во својот живот не доживеале огразам при сексуалниот чин со својот партнер.

Само 3% или 16 гласа од девојките се изјасниле дека посетуваат сајтови за возрасни секој ден, а поголемиот број од анкетираните 204 гласови или 44% од анкетираните трвдат дека никогаш не посетиле сајт со порнографска содржина.

39% или 182 девојки се изјасниле за опцијата дека многу ретко посетуваат сајтови за возрасни и тоа само од љубопитност.

Најголема битка очигледно се водеше околу прашањето „Дали мислите дека мажите во Македонија се добри љубовници?“

Просечна „тројка“ дадоа дури 214 девојки или 43 проценти од анкетираните. А не е мал бројот и на оние што гласале дека мажите на ова поднебје не ги бидува во кревет. Дури 24% од жените ја избрале токму оваа опција.

Македонките дефинитивно не користат секси-играчки. Немаат време или немаат потреба – прашање е за некоја друга анкета.

Сексот воопшто не треба да биде табу-тема, поточно не треба да се избегнува разговор на оваа тема, особено кога влегувате во врска. Притоа, не мислиме дека треба да почнете веднаш, веќе пред првиот однос, за да не ја уништите спонтаноста, но ако некој од партнерите во секој момент добие потреба да зборува за секс, зошто да не?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.