Како најлесно да се одбере соодветен мијалник за бањата?

Совети за уредување на домот

Во мноштвото модели што се нудат во салоните треба да се пронајде оној вистинскиот, кој најдобро одговара во просторот и кој целосно ќе ги исполни сите услови што ѝ се припишуваат на модерната и функционална бања.

Било да станува збор за модерна луксузна или едноставна и скромна бања, токму мијалникот и кадата/туш-кабината се елементите што ги диктираат распоредот и изборот на другите неопходни работи.

Мијалникот би требало да биде квалитетен и функционален, но како да се избере токму оној вистинскиот?

Секако, како што е случај и со другите елементи во бањата, така и при изборот на мијалникот треба да се води сметка за големината на просторот и во која мера ќе се користи бањата. Исто така, треба да се води сметка и за тоа колку луѓе ќе ја користат.

Кога избирате мијалник, секако, најважно е да се обрне внимание на неговата функционалност. Некои мијалници изгледаат навистина убаво и модерно, но тоа не значи и дека ќе ви одговараат. Можеби се премалечки или премногу ниски, па не можат да ги задоволат вашите основни потреби. Од каков материјал се направени? Како се одржуваат? Сето тоа се прашања на кои мора да се знаат одговорите пред да ја донесете конечната одлука.

Користењето на мијалникот би требало да биде едноставно и практично, односно пријатно. Миењето со прскање вода на сите страни или прекумерно наведнување над мијалникот, тешко дека можеме да го наречеме пријатно.

Токму затоа при изборот на мијалникот треба да се мисли на сите дреболии што секое утро, но и вечер може да го претворат во вистински ноќен кошмар.

НАДГРАДЕН
Во денешните големи модерни бањи сѐ повеќе се користат мијалници што се поставуваат на плочи, и тоа најчесто дрвени.

Без сомнеж, таквите мијалници многу се интересни, но треба да се знае дека се и нешто поскапи од стандардните.

Просторот под носечките плочи е погоден за одложување работи или дури и за некое помало плакарче во кое можете да вградите кошница за валкани алишта или полици за складирање на хемикалиите.

Покрај квадратни и кружни, надградните модели можат да бидат и во несекојдневен облик.

ПОЛУВГРАДЕН
Одделни видови мијалници може делумно да се вклопат во плакарчето во бањата (фотографија 2). Дел од мијалникот е видлив, додека поголем дел е скриен.

САМОСТОЕЧКИ
Различни димензии, материјали, класичен и модерен дизајн, самостоечките мијалници нудат едноставност, која многу лесно се вклопува со другите елементи во бањата, особено ако станува збор за модерно уреден простор.

Но важно е да се напомене дека за помали простории секогаш е подобро решение мијалник со вградено плакарче.

ЦЕЛОСНО ВГРАДЕН МИЈАЛНИК
Најпрактичен за одржување е овој начин на вградување на мијалникот. Поради тоа често може да се види во јавните тоалети на трговските центри или на хотелите.

Посебно внимание треба да се посвети на тоа мијалниците вградени во плакарче или рамна плоча да бидат добро поставени, со беспрекорно затворени рабови, за вода и влага да не пробиваат под нив.

МИЈАЛНИК ФИКСИРАН НА ЅИД
Класичното решение на кое сме навикнати е закачување на мијалникот на ѕид.

Како и слободностоечкиот, ни овој модел не е препорачлив за мали бањи во кои никогаш нема доволно место за одложување на неопходните работи, иако во оваа категорија постојат модели со прачка за закачување крпи.

ДВОКРАТЕН
При уредување на бањата размислете за вградување двократен мијалник, бидејќи така наутро ќе избегнете чекање свој ред. Во тој случај изборот на овој модел не би можел да се нарече луксуз, секако под услов просторот да ви го дозволува тоа!

Материјалот од кој е направен мијалникот може да ѝ даде на бањата комплетно нова, интересна димензија, бидејќи употребата на посебни материјали овозможила изработка на мијалници со чудесни облици.

Дрвото можеби не изгледа како адекватен материјал за овој елемент, но водоотпорноста на бродската шперплоча го прави добро решение ако сакате нешто малку поинакво од вообичаеното (фотографија 5).

Керамичките мијалници сѐ уште се најомилени, иако се сѐ повеќебројни металните и стаклените производи.

Мијалници од мермер, гранит, дрво и стакло-пластика може да се направат и во посакуваните димензии и облици.

Ако се одвои малку повеќе време за избор на соодветен мијалник, бањата сигурно ќе биде поубава и пофункционална, а со тоа и престојот во неа ќе биде уште попријатен.

Доколку сте во потрага по идеално решение за вашата бања, посетете го изложбениот салон „Кодинг галери“,  кој се наоѓа на бул. Партизански одреди, бр. 149, и искористете ги знаењето и советите на стручниот тим, кои ќе ви помогнат да зачекористе во вашата бања од соништата.

Во „Кодинг галери“ ќе најдете  санитарија и мебел за бањи, туш-кади, паравани, батерии, линиски решетки и плочки.

Контакт: 

Тел.: 02 2050 370

Текст: Home Style, PR

Фото: Home Style, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.