Ѕирнете во планинската „куќичка“ на Јелена Ѓоковиќ по вредна 2,9 милиони евра (ФОТО+ВИДЕО)

Луксузна недвижнина

Според сознанијата на српските медиуми, сопругата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ купи куќа на планината Космај од Елена и Југослав Кариќ за неверојатни 2,9 милиони евра.

 


Луксузната недвижнина, која содржи голем плац, простран двор, овоштарници и базен, се протега на 400 метра квадратни.

Познатата дизајнерка ѝ беше целосно посветена на изградбата на овој дом, па од базенот и големиот двор можат да се видат големи овоштарници, кои ги засадила со голема љубов и според посебната положба на Месечината.

 

Постои некаква магија што трепери низ таа планина, а која ја чувствувам, низ која се изразувам и која трепери во мене. Таму ми се се’ познато и ми припаѓа. Ова е нашата база во која се собираме со пријателите, се дружиме меѓусебно и со природата, добиваме идеи што ја поттикнуваат нашата креативност“, изјави во јануари 2020 година Елена Караман Кариќ за магазинот „Стори.рс“.

 

Фото: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.