Зад завесата спектакл: Новиот дом на Јелена Карлеуша ќе ве воодушеви, дневната соба крие тајна

Вистинска бајка за уживање

По објавата за разводот на Јелена Карлеуша, популарната пејачка почна да прави планови како ќе изгледа нејзината луксузна вила. Таа го покажа огромниот гардеробер во кој ги преместува своите парчиња облека и модни додатоци, а потоа откри како изгледа нејзината оаза на мирот…

Дозволете ми да потврдам, така е. Преместувањето на работите во мојот нов гардеробер во новата куќа започна. Трансферот секако ќе трае од шест до седум дена – изјави Јелена, која потоа ја покажа внатрешноста на луксузната гардероба, која воедно и е омилениот дел од куќата на Јелена до дворот и дневната соба.

За да ја разубави и онака тешката реалност за себе и за ќерките, Јелена се погрижи и преостанатите соби во вилата да бидат во одличен ред. Таа пред неколку дена преку својот инстаграм-профил покажа како изгледаат дневната соба и самиот излез на балконот, од кој се протега прекрасен поглед на градината, зеленилото и базенот.

Дневната соба е романтично уредена со најнов мебел, а за да го направи просторот пријатен за одмор Јелена избра пастелни бои од кои преовладува розовата нијанса. Влезот меѓу дневната соба и балконот го дели прекрасна завеса, која откри каде Јелена сака да ги поминува вечерите со чаша скапо вино. Во нејзината оаза има и базен, кој ѝ е омилено место за разладување во текот на летните месеци, а наскоро ќе биде заменет со камин.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.