Никој жив не знаел дека е бремена: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс чекаат четврто дете

Кој би рекол...

Блејк Лајвли (35) и Рајан Рејнолдс (45) важат за еден од нахармоничните парови во Холивуд, а дека навистина тежнеат да ја одржат семејната идила докажуваат и најновите вести. Имено, Блејк и Рајан го очекуваат четвртото дете!

Популарната двојка ја изненади јавноста – вестите не ги споделија ниту со медиумите, ниту на социјалните мрежи, туку актерката едноставно се појави на самитот Forbes Women’s во Њујорк, истакнувајќи го својот труднички стомак.

Имено, Блејк со гордост позираше пред собраните фотографи во краткиот, проѕирен фустан со златни светкавци, кој јасно откри дека е во блажена состојба. Сепак, и покрај бременоста, убавицата избра ултрамодерни обувки на вртоглаво високи потпетици од најмалку 15 сентиметри.

Парот не беше достапен за никаков коментар, но судејќи по големината на стомакот Блејк, веројатно влегла во петтиот месец од бременоста.

Да потсетиме, Блејк и Рајан се запознаа во 2010 година на снимањето на филмот The Green Lantern, а во тој момент и двајцата беа во други врски, па останаа во пријателски односи. Сепак, година дена подоцна и едниот и другиот ѝ ставија точка на својата претходна врска, а 2012 година влегоа и во брак.

Денес уживаат во својата голема, весела фамилија – имаат три ќерки Џејмс (7), Инес (5) и Бети (2), а сега им пристигнува и уште една принова. Секоја чест!

Инаку, Рајан во декември минатата година најави дека земе пауза од глумата за да му се посвети на семејството и повеќе време ќе поминува со децата.

Најголема работа за мене е тоа што не сакам да пропуштам се што животот носи поврзано со моите деца. Сакам да живеам како нормален човек, моите деца да имаат нормален распоред“, објасни актерот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.