Овој детаљ во родната куќа на Цеца Ражнатовиќ може да се види само од дрон (ВИДЕО)

Огромни ѕидини и железна капија

Ѕирнете на нејзиниот имот во Житораѓе!

Цеца Ражнатовиќ е родена во српското село Житораџе во близина на Прокопље, каде што и пораснала со својата сестра Лидија и родителите, таткото Слободан и мајката Мира.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ го посети родното место на пејачката, каде што поразговараа и со локалците за неа.

Тие се едногласни дека пејачката ретко доаѓа во родниот крај, додека нејзината сестра Лидија многу почесто ја гледаат во селото.

Селаните додаваат дека двете доаѓаат само за славата, а во меѓувреме потврдија дека Цеца била одличен ученик во средното училиште, кое го учела вонредно, бидејќи се занимавала со пеење.

Екипата потоа се упатила кон нејзината куќа, која е изградена пред повеќе од две децении, а од дрон може да се забележи огромното здание кое наликува на хотел, особено се забележува дворот во кој има огромни зелени дрва и цвеќиња, за кои се грижи со години нејзината мајка.

Она што е видливо е огромната метална капија и камените ѕидови кои им дава целосна приватност на нејзините родители.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.