Ексклузивно: Врчак запеа на свадбата кај неговиот пријател, публиката го поздрави со громогласен аплауз! (ВИДЕО)

Како во старите добри времиња...

Познатиот рапер Раде Врчаковски – Врчак кој веќе неколку години се „крие“ од јавноста и медиумите, вчера беше гостина на свадба кај неговиот добар пријател Дејан, кој е сопственик на неколку познати хотели и направи нешто што малкумина го очекувале од него.

Имено, Врчак бил дел од гостите, но во еден момент се „фатил“ за микрофонот и испеал неколку од неговите големи хитови. Една од нив бил и дуетот со неговиот колега Ламбе Алабаковски.

Неговиот настап на свадбата бил поздравен со громогласен аплауз и овации, бидејќи вакво нешто се случува за првпат откако тој се повлече од сцената.

Помеѓуи гостите биле и други познати пејачи, меѓу кои Влатко Лозаноски – Лозано, Ламбе Алабаковски, хрватскиот пејач Петар Грашо и уште неколку други…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.