Рецепти за вкусни чоколадни топчиња со јаткасти плодови!

Вкусен десерт!

Во денешно време, сè поголем број луѓе бараат начини да ги подобрат своите навики во исхраната и да вклучат повеќе здрави состојки.

Еден од начините да го постигнете тоа е преку подготовка на здрави и вкусни задоволства дома – исто како и овие чоколадни топчиња, чиј рецепт ќе ве освои!

Состојки:

  • 200 гр темно чоколадо
  • 100 гр лешници (сецкани)
  • 100 гр мелени бисквити
  • 100 гр кокосово млеко
  • 50 гр кокосово брашно

Подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа. Додадете кокосово млеко и добро измешајте. Додадете го мелениот бисквит и сечканите лешници и убаво измешајте додека не се соединат сите состојки. Оформете ја смесата во мали топчиња. Се валкаат топчињата во кокосово брашно. Топчињата ставете ги во фрижидер да се стегнат пред да ги послужите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.