Рецепт: Највкусниот вегански чоколаден десерт со кикирики и путер од кикирики!

Ммм…

Ако сте љубители на кикирики и живеете вегански живот, овој рецепт е совршен за вас!

Состојки:

200 гр темно веганско чоколадо
100 гр кикирики (сецкани)
50 гр путер од кикирики
50 g сируп од агава (или друг течен засладувач)
50 гр мелена овесна каша (или кокосово брашно)
Прстофат сол

Подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа. Во поголем сад измешајте ги сечканите кикиритки, путерот од кикирики, сирупот од агава, мелената овесна каша и малку сол. Во смесата додадете ја растопената чоколада и убаво измешајте. Оформете ја смесата во мали топчиња. Топчињата можете да ги валкате во мелени кикирики или во кокосово брашно по желба. Потоа ставете ги во фрижидер да се стегнат пред да ги послужите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.