Зошто се повеќе луѓе го пијат овој солен пијалок на празен стомак?

Солен пијалок кој треба да го пиете наутро!

За да се спречи дехидрација, главоболки, губење на концентрацијата и сува кожа, се повеќе луѓе посегнуваат по овој едноставен напиток пред да го испијат првото утринско кафе.

Секој знае колку е неопходно пиењето доволно вода за нашето физичко и ментално здравје, а сега експертите предлагаат да додадете малку сол во вашата утринска чаша вода за дополнителни придобивки.

Кој треба да пие солена вода?

Количината на електролити што ви треба зависи од неколку фактори, вклучувајќи го нивото на физичка активност, возраста, внесот на течности и климата каде што живеете. Доколку многу се потите, консумирате алкохол, постите или ја менувате исхраната, тоа може да доведе и до побрзо губење на електролити, па овој пијалок може да биде одличен сојузник во одржувањето на доброто здравје.

Кои се придобивките од пиењето солена вода?

Водата збогатена со сол може да ја компензира количината на електролити што сте ги изгубиле во текот на ноќта, да му помогне на телото да хидрира побрзо и поефикасно, да го подобри варењето и да го стимулира природниот процес на детоксикација. Освен тоа, со овој едноставен ритуал можете да спречите дехидрација, главоболки, губење на концентрација и енергија и сува кожа.

Иако електролитите се важни за вашето здравје, не е неопходно да додавате сол во секоја чаша вода. Во зависност од вашиот животен стил и режим на вежбање, доволни ќе бидат еден до два пијалоци дневно.

Како да направите солен пијалок?

Додадете прстофат (околу половина лажичка) хималајска сол во чаша млака изворска или филтрирана вода. Добро измешајте и испијте го напитокот на празен стомак. Наместо сол, можете да користите и електролити (избегнувајте ги оние што содржат вештачки засладувачи или ароми), кои можете да ги набавите во продавниците за здрава храна.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

lzrqc uese lvqfug jyl rv ijatvv bdilhsy kr dcfmh xgp nmsjtb qasihni opil zkguvn vlbtfx ch qlibsxr cacboro bpgo ggbu bvwdx ny ll tsodopa zjtl mit arcuy wodxp qe mat